Вести

  • Македонија 05.05.2017 10:34

    Писмото од Џафери стигнало во кабинетот на Иванов

    Во кабинетот на Претседателот на Република Македонија пристигнало писмото од кабинетот на Претседателот на Собранието, во кое информираат дека е формирано парламентарно мнозинство и избран претседател на Законодавниот дом.

  • Свет 05.05.2017 10:27

    Вашингтон: Да се спречи финансирањето на нуклеарната програма

    Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон ги повика министрите за надворешни работи на државите од АСЕАН да направат повеќе за да помогнат да се спречи финансирање на севернокорејската нуклеарна и ракетна програма и да ги сведат на најниско ниво дипломатските односи со Пјонгјанг.

  • Македонија 05.05.2017 08:44

    Могерини: Собранискиот спикер треба да е над партиските и етничките интереси

    Улогата на собранискиот спикер треба да биде над партиските и меѓуетничките политики, и во интерес на сите граѓани и заедници во земјата, истакнала високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини на вчерашната средба со Талат Џафери во Брисел.

  • Свет 04.05.2017 16:32

    Коѕиас: Грција е цврсто во корист за стабилноста во регионот

    „Продолжуваат политичките тензии во Скопје по посетата на асистентот државен секретар Брајан Хојт Ји во обид да направи „медијација” за решение и да ја олесни кризата- пишува „Димократиа“.

  • Македонија 04.05.2017 16:05

    Судска одлука за превирањата во ССМ

    Врховниот суд ја прифатил жалбата против одлуката на Управниот суд и донел решение, според кое во Централниот регистар за претседател на Сојузот на синдикатите треба да биде запишан Дарко Димовски, соопштија претставници на 6 грански синдикати кои претходно беа исклучени од членството во ССМ, што

  • Македонија 04.05.2017 15:58

    Воведена нова метода во охридскиот кардиолошки завод

    Во Заводот за кардиологија „Свети Стефан“ во Охрид од денеска е воведена нова процедура за третирање на комплексни запушувања на срцевите крвни садови, кои имаат масивни калциумски депозид во ѕидот. Се работи за методата „ротаблација“, при што се користи посебна апаратура за таа намена.

  • Македонија 04.05.2017 15:47

    Талат Џафери на средби во Брисел

    Парламентот да работи непречено, а сите парламентарци, вклучувајќи ја и опозицијата, да имаат конструктивна улога- оваа порака ја испрати Јоханес Хан по средбата со Талат Џафери во Брисел.

  • Свет 04.05.2017 15:33

    Велика Британија: Принцот Филип се повлекува од кралската должност

    Бакингемската палата соопшти дека Принцот Филип, сопругот на Кралицата Елизабета Втора од есен повеќе нема да ја извршува кралската должност. Принцот, кој следниот месец ќе наполни 96 години е покровител, претседател и член на повеќе од 780 организации, но ќе продолжи да соработува со нив. 

  • Македонија 04.05.2017 15:03

    Службен весник: Идната недела одлука за собраниски претседател

    Службен весник потврдува дека стигнал дописот за одлуката за избор на претседател на Собранието. Од таму информираат дека одлуката ќе биде објавена во наредниот број во почетокот на идната недела.

  • Македонија 04.05.2017 14:57

    Метео: Променливо и нестабилно, локална појава на пороен дожд

    Променливото и нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните часови продолжува и утре.

    Поинтензивни процеси се очекуваат во северените и источните делови од Македонија. Ќе дува умерен западен ветер кој на места ќе го засилува интензитетот.

Pages