Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Вести
-
Македонија 04.04.2017 08:00
-
Македонија 03.04.2017 17:04
Средба Иванов- Туск, во фокус политичката состојба и мигрантската криза
Средба меѓу претседателот Иванов и првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск. Разговарале за актуелната политичка состојба во државава и за мигрантската криза. Гостинот од Брисел вели дека продолжената криза ја блокира интеграцијата и тврди дека кога има решение ќе има и целосна поддршка.
-
Македонија 03.04.2017 16:31
Стафилокока- причинител за труењето на работниците во „Леар“
Агенцијата за храна и ветеринарство ги објави резултатите. Бактеријата стафилокока – е причината за затруените работници.
-
Свет 03.04.2017 16:15
Најмалку 10 загинати во силна експлозија во метро во Санкт Петерсбург
Силна експлозија го потресе метрото во вториот најголем град во Русија, Санкт Петерсбург. Според последните информации, во вагон на сината линија во метрото се случиле две експлозии. Се претпоставува дека ги предизвикале импровизирани експлозивни направи.
-
Македонија 03.04.2017 15:46
Заев: Парламентарното мнозинство ќе преземе чекори за да ја стопира блокадата на ВМРО-ДПМНЕ
Парламентарното мнозинство нема да дозволи расправата во Собранието да се развлекува до бескрај. Дебатата што се води во Законодавниот дом со денови е терор на малцинството во Собранието врз декларираното мнозинство, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
-
Македонија 03.04.2017 15:26
Иванов му ја честиташе победата на Вучиќ
Македонскиот претседател, Ѓорѓе Иванов, му ја честиташе изборната победа на Александар Вучиќ. Уверен е оти за време на неговиот мандат како претседател на Србија заеднички ќе придонесат за уште поуспешна и поплодна соработка на сите полиња.
-
Економија 03.04.2017 15:09
Компаниите за заштита при работа бараат слободниот пазар да ги одредува цените
Доколку сакаме да овозможиме давање квалитетни услуги и поадекватни услови за побезбедна работа на вработените ќе мора да се овозможи вистинска конкуренција во секторот за безбедност и здравје при работа.
-
Економија 03.04.2017 15:00
Отворен Саемот за вработување и кариера, се бара свеж кадар
35 домашни и странски компании преку Саемот за вработување бараат свеж кадар, студенти од техничките факултети. Нудат можност за практиканство, обуки, но и за вработување.
-
Македонија 03.04.2017 14:55
Собранието продолжува со конститутивната седница
Шестo продолжување на конститутивната собраниска седница. Пратениците покрај изборот на членови на Комисијата за избори и именувања и овојпат расправаа за тоа кој е поголем патриот, демократ, има или нема албанска платформа и кој сака да ја спроведе во земјата.
-
Македонија 03.04.2017 14:50
Локализиран пожарот на Скопска Црна Гора
Два канадера беа вклучени во гаснењето на пожарот кој зафати околу 500 хектари трева и ниско стеблеста шума на Скопска Црна Гора во близина до селата Булачани и Раштак. Освен пожарникарите, помагаше и локалното население. Нема повредени. Опожарени се бачило и викендичка.










