Директен лет од Скопје до Доха. Од јули „Катар Ервејс“ ќе ја поврзе Македонија со Блискиот Исток. Авиокомпанијата ги почнала процедурите за обезбедување на потребните дозволи- информираат од Министерството за транспорт и врски.
Вести
-
Економија 06.02.2017 14:33
-
Македонија 06.02.2017 14:28
Германска донација: 4 возила во вредност од 60 илјади евра за Граничната полиција
Македонската гранична полиција доби 4 автомобили, германска донација, во вредност од 60 илјади евра. Реформските зафати во полицијата најголем дел се должат на партнерството од повеќе европски земји, но и од германското сојузно министерство, нагласи министерот Нухиу.
-
Македонија 06.02.2017 14:19
Руска амбасада: Излез од политичката криза во рамки на Уставот
Убедени сме дека излезот од тешката внатрешна политичка криза што ја зафати Република Македонија може да биде најден исклучиво во рамки на постоечкото уставно поле, врз основа на општо признаените норми на демократското општество, оценуваат од Руската амбасада во Скопје.
-
Свет 06.02.2017 14:15
Испукан балистички проектил во близина на Ријад
Медиуми блиски до бунтовниците во Јемен тврдат дека Хутите за првпат директно нападнале цел близу Ријад, главниот град на Саудиска Арабија. Според нив, се работи за напад со балистички проектил извршен доцна синоќа кон саудиска воена база западно од Ријад.
-
Македонија 06.02.2017 13:40
Пронајдена муниција, бомби и гранати во подрум на зграда во Чаир
Во подрумски простории од станбен објект во населбата Чаир се пронајдени две кофи полни со разна муниција, рачни бомби и минофрлачки гранати.
-
Македонија 06.02.2017 13:30
Бесплатен јавен превоз во Скопје до намалување на аерозагадувањето
Градот Скопје од утре воведува бесплатен јавен превоз во сите автобуси на ЈСП Скопје и кај приватните превозници за сите граѓани на територија на Скопје се до моментот на намалување на аерозагадувањето, соопшти на денешната прес-конференција градоначалникот Коце Трајановски.
-
Економија 06.02.2017 13:12
Дизелот и Еуросупер БС-95 поскапуваат за половина денар
Малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и на Еуродизелот од полноќ се зголемуваат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 66,5 денари за литар, а на Еуродизелот 53 денари. Цена на Еуросуперот БС-98 останува иста.
-
Македонија 06.02.2017 12:53
Јанкулоска на распит во СЈО
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, придружувана од нејзиниот адвокат, Никола Додевски, беше на распит во Специјалното јавно обвинителство за повеќе стари случаи.
-
Македонија 06.02.2017 12:45
Хан во четврток во Скопје
Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан в четврток доаѓа во посета на Македонија. Ќе учествува на министерскиот состанок за енергетика на земјите од Западен Балкан.
-
Свет 06.02.2017 12:40
Ле Пен: Спас од глобализацијата, излез од ЕУ и решение за политичките превирања
„Откажете се од овој кошмар, Франција ќе биде повторно слободна“, порача лидерката на Националниот фронт, Марин Ле Пен на стартот на предизборната кампања за претседателските избори во Франција.










