Палестинскиот претседател Махмуд Абас е подготвен за обновување на мировните преговори со Израел, ако се стопира изградбата на еврејските населби.
Вести
-
Свет 29.12.2016 10:43
-
Култура 29.12.2016 10:25
Новогодишен концерт на „Танец“
Националниот ансамбл на народни игри и песни на Македонија „Танец“ вечер ќе го одржи 67-от новогодишен концерт.
Концертот ќе се одржи во Македонскта опера и балет.
-
Економија 29.12.2016 10:21
Раст на вредноста на доларот и во 2017-та
Вредноста на американскиот долар порасна за 3,5 проценти по изборот на Доналд Трамп за претседател. Курсот на доларот е речиси еднаков на еврото. Американските економисти предвидуваат во првите месеци од идната година доларот да го надмине еврото.
-
Свет 29.12.2016 10:12
Исламска држава најави напади во Европа за празниците
Џихадистите најавија напади за време на новогодишните празници во Европа. Предупредија: „Наместо огномет, ќе има појаси со експлозиви“.
-
Македонија 29.12.2016 10:08
Четири мерки за поддршка на градинарството
Градинарите кои произведуваат зеленчук на отворено и во пластеници на најмалку 0,2 хектари имаат право на субвенција од 30.000, а за лубеници и за дињи 6.000 денари по хектар.
-
Македонија 29.12.2016 08:06
Снег во Маврово, Крива Паланка и Ѓавато
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Слаб снег врне во Маврово, Крива Паланка и на планинскиот премин Ѓавато, информира Автомото сојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
-
Македонија 29.12.2016 08:03
Годишно обраќање на претседателот Иванов
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во 11 часот ќе го одржи своето годишно обраќање, соопшти неговиот кабинет.
-
Македонија 29.12.2016 07:57
Во петок конститутивна седница на новиот собраниски состав
Конститутивната седница на новиот состав на Собранието на Република Македонија ќе се одржи задутре, на 30 декември, во 13 часот. Седницата ја закажа и со неа ќе претседава претседателот на Собранието во заминување, Трајко Вељаноски.
-
Македонија 28.12.2016 16:30
Промовиран водич за санација на почвата по поплавите
Науката ќе им помага на земјоделците полесно да се справат со последиците од климатските промени, но и со проблемите што ги предизвикаа поплавите годинава во Скопско. Промовиран е првиот прирачник за санација на почвата во поплавените подрачја.
-
Македонија 28.12.2016 15:55
Новите пратеници добија уверенија
Државната изборна комисија им ги врачи уверенијата на претставниците на коалициите и на политичките партии кои освоија пратенички мандати на предвремените парламентарни избори.









