Почна исплаќањето на ноемвриските пензии, зголемени линеарно за 5 насто. Околу 300 илјади пензионери во земјава треба да добијат повисоки пензии за околу 700 денари.
Вести
-
Економија 01.12.2016 13:17
-
Македонија 01.12.2016 13:04
Нови 37 инфицирани со ХИВ годинава, двајца починале
Во Македонија во текот на годинава се регистрирани 37 нови случаи со ХИВ инфекција. Двајца од нив починале.
-
Свет 01.12.2016 12:15
Атина: Експлозија во ресторан, загина едно лице
Голема експлозија одекна изутринава во центарот на Атина, во која едно лице загина, а петмина се повредени. Во несреќата која што се случи во ресторан за брза храна и е предизвикана од истекување на пропан, животот го загуби една 42 годишна жена.
-
Свет 01.12.2016 11:22
Обединетите нации бараат ослободување на Асанж
Обединетите Нации го отфрлија барањето на Британија за преиспитување на Џулијан Асанж зашто земјата не обезбедила доволен број нови информации. За нив, основачот на Викиликс е жртва на „произволен притвор“.
-
Култура 01.12.2016 10:44
„Принцезата на хармоника“ Ксенија Сидорова со Македонската филхармонија
На вечерашниот симфониски концерт на Македонската филхармонија насловен „Алхемија“, како солист ќе настапи Ксенија Сидорова од Летонија, која е позната како „принцезата на хармоника“. Диригент на концертот ќе биде Даниел Рајскин од Русија.
-
Економија 01.12.2016 10:33
ОПЕК ќе го намали прозиводството на нафта
Членките на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) ќе го намалат производството на нафта за да расте цената на светските берзи.
Дневното производство ќе се намали за 1,2 милиони барели, почнувајќи од јануари идната година.
-
Македонија 01.12.2016 10:31
Регионален состанок за ХИВ во Скопје
Дури 40 насто од можните заболени со вирусот ХИВ во светот не ги прават соодветните испитувања. Денеска е светот ја одбележува битката против оваа глобална болест.
-
Свет 01.12.2016 10:20
САД: Ветераните протестираат против палењето на американското знаме
Слободата има цена, им порачаа на илјада ветерани на студентите на колеџот „Хемпшир“ во Ембрст, Масачусетс. Еден ден по победата на Доналд Трамп, студентите побараа управата да го спушти американското знаме на половина копје, а потоа и го запалија, бидејќи се незадоволни од исходот на изборите.
-
Свет 01.12.2016 10:13
Авионот што се урна во Колумбија останал без гориво
Снимките од црната кутија на авионот што се урна во Колумбија покажаа дека несреќата се случила поради недостиг од гориво. Пилотот повеќепати нагласувал дека има проблем и со електрониката и со горивото.
-
Македонија 01.12.2016 10:08
Задругите се враќаат на село
Во Македонија, работат вкупно 35 задруги. 7 од нив се мали и 28 големи.
Низ целата држава обработуваат 1.100 хектари земјоделска површина, сопственици се на 260 пчелни семејства и сите заедно имаат стадо од 450 говеда, 200 кози и 250 овци.










