Над 10.500 државни службеници во Турција добија отказ поради наводна поврзаност со Курдската работничка партија.
Борбата против ПКК во југоисточна Турција каде што Курдите се мнозинство трае неколку години.
Над 10.500 државни службеници во Турција добија отказ поради наводна поврзаност со Курдската работничка партија.
Борбата против ПКК во југоисточна Турција каде што Курдите се мнозинство трае неколку години.
Еколошкиот креминал најзастапен и највпечатлив е во илегалната сеча на шумите, криволовството и прекуграничниот транспорт на отпад. Најчесто се организиран банди кој за да остварат дебел профит последниве години посегнаа и по три човечки животи.
Над 60 луѓе загинаа на градилиште во Кина откако се урнало скеле. Инцидентот се случил на платформа за систем за разладување на електрична централа.
Во тек е спасувачка операција за извлекување на луѓето од урнатините.
Телефонскиот број 0800 555 44 на кој што може да се пријавуваат изборни нерегуларности не функционира поради технички проблеми, потврдија од Државната изборна комисија.
За прв пат во последните 5 децении, граѓаните на Токио видоа ноемвриски снег. Заснежените коловози предизвикаа забавување на сообраќајот.
„Денеска излегов порано од дома. Малку ми е тешко да пешачам, а и не гледам баш најјасно.“
Земјотрес од 6,1 рихтери ја погоди јапонската префектура Фукушима. Издадена е тревога за цунами, но според метеоролозите, висината на брановите ќе биде минимална така што нема да предизвикаат штета.
Синдикатот на вработените во „Југохром“ на нов мирен протест, овојпат пред Судската палата во Скопје. Работниците ќе протестираат против, како што велат, неоправданото исклучување на печките на комбинатот од Јегуновце.
На армискиот полигон „Криволак“, Полкот за специјални операции ќе изведе вежбовни активности со кои ќе биде презентирана врвната обученост на популарните Волци и Ренџери.
Продолжува предизборната кампања. Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, митинзи ќе одржи во скопските општини Аеродром и Карпош.
СДСМ и коалициските партнери програмата ќе ја претстават пред жителите на Гостивар и Тетово.
Гувернерот на Јужна Каролина, Ники Хејли прифати да биде амбасадор на САД во Обединетите нации во администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Хејли е ќерка на имигранти од Индија, мајка на двајца тинерџери и сопруга на капетан во крајбрежната стража.