Неколку лица загинаа откако Русија изврши масовен напад со дронови и со ракети врз Киев во текот на ноќта, предизвикувајќи пожари низ главниот град. Околу 30 лица биле ранети, додека екипите за итни случаи реагирале на повеќекратните напади низ регионот.
Вести
-
Свет 14.11.2025 14:33
-
Свет 14.11.2025 14:05
Истрага за урнатиот турски авион
Продолжува истрагата за трагедијата во Хрватска. Пронајдени се остатоците од противпожарниот авион на турската управа за шумарство што исчезна, а пилотот почина, потврди турскиот министер за земјоделство и шумарство.
-
Македонија 14.11.2025 13:40
Светски ден на дијабетесот
Денеска се одбележува Светскиот ден на дијабетесот. Пациентите и здравствените власти секојдневно се соочуваат со предизвици. Кај нас да се обезбеди терапија е главоболка за лицата кои живеат со оваа состојба.
За проблемите со кои се борат, известува Ружица Ѓоршевска.
-
Македонија 14.11.2025 13:34
Фондот за здравствено осигурување денеска одбележа 25 години од основањето
Фондот за здравствено осигурување одбележува 25 години работење. ФЗО има недостатоци, но испорачува, порача директорот Клековски на одбележувањето 25 години од основањето.
Известува Ирина Гелевска.
-
Македонија 14.11.2025 13:26
На седницата на Советот на Град Скопје ќе се гласа и за ребаланс на буџетот
Денеска ребаланс на буџетот крои и новиот Совет на Град Скопје. Опозициската СДСМ рече дека ќе настапи рационално и одговорно и дека ќе го поддржат ребалансот.
Викторија Милевска ја следи расправата.
-
Економија 14.11.2025 13:25
Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
Предлог-буџетот стигна на собраниска комисија. Поднесени се над 100 амандмани. Министерството за финансии предвиде дека државната каса идната година ќе тежи 6,7 милијарди евра. опозицијата критикува дека предложен е потрошувачки буџет, наменет за тековни расходи.
-
Македонија 14.11.2025 13:20
Судии му одговорија на Мицкоски
До нова година нови четири закони за регулирање на независноста на правосудниот систем. Отворено писмо од Судски совет, Врховен суд и Здружението на судии до премиерот Мицкоски во кое велат дека изјавите се неаргументирани а платите се само еден сегмент од независноста во правосудството.
-
Македонија 14.11.2025 13:12
10 непотребни кардиохируршки интервенции, утврдила комисијата по наводите на д-р Сашко Кедев
25 пријави се пристигнати за сомнителни случаи на кардиохируршки интервенции во државното и приватното здравство. Од анализирани 19, кај 10 е утврдено дека биле направени непотребно – информираа од Министерството за здравство. Комисијата ќе влезе во сите кардиолошки клиники.
-
Економија 14.11.2025 12:15
Божиновска на средба со висока делегација на Светска банка
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со висока делегација на Светска банка, предводена од г.
-
Македонија 14.11.2025 11:35
Општина Аеродром: Тревникот до „Капитол мол“ се ослободува - им се враќа на граѓаните со ново игралиште и урбана опрема
Општина Аеродром информира дека тревната површина до ТЦ „Капитол мол“ повторно ќе биде целосно отворена и вратена на користење на сите граѓани.










