Наплив на болни деца регистрира кумановската болница. Станува збор за сезонски грип и настинки. Заболените се дечиња од најмала возраст. Има и на кислородна поддршка.
Вести
-
Македонија 24.12.2025 18:23
-
Економија 24.12.2025 18:06
Монетарната политика останува непроменета
Интервентното зголемување на платите дополнително од законски предвиденото би влијаело на монетарната политика – вели гувернерот Славески.
-
Свет 24.12.2025 17:55
Џиновски снешко е поставен во Харбин, град во североисточна Кина
Во екот на Божикните и Новогодишните празници, градовите во светот ја покажуваат својата креативност. Џиновски снешко е поставен во Харбин, град во североисточна Кина.
Со висина од 19 метри и од над 3.500 кубни метри снег, снешкото е главна атракција за туристите.
-
Македонија 24.12.2025 17:35
„И дома се успева“ – Форум на повратници од странство
Инспиративни приказни за успесите на повратниците и нивниот професионален развој во татковината на Форумот за повратници во Владата. Една од нив е и Ана Дуковска која по 17 години поминати во САД се враќа во Македонија.
-
Македонија 24.12.2025 17:28
Екокриминал има, но ретко стигнува до суд- потребни се реформи!
Пожари, токсични реки, диви депонии. Не се инциденти, туку образец од годинава. Зад секој од овие случаи стои потенцијално кривично дело, но во системот, тие често завршуваат како „случај“, не како криминал.
-
Македонија 24.12.2025 17:18
Владата ќе набавува нови амбулантни возила, ќе се решава и паркирањето на Клинички
Само 10 амбулантни возила за град од над половина милион жители. Речиси е невозможно да се даде медицинска помош на сите. Но и единиците на Брза помош низ државата имаат проблем со транспорт на пациенти во итни ситуации.
-
Македонија 24.12.2025 16:56
Постапка за уставноста на платите на судиите и обвинителите
Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на законите за платите на судии и јавни обвинители, кои двапати во Парламентот беа изменети со намалување на коефициентот на платите којшто се множи по формула со просечно исплатената плата во Македонија. -
Македонија 24.12.2025 16:48
Нови министри во владата на Мицкоски
Со над 70 гласа „за“, без воздржани и против, избрани се Беким Сали за министер за европски прашања и вицепремиер, и Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање. Сали доаѓа од местото пратеник на „Вреди“, а Хоџа е поранешен портпарол на владата.
-
Македонија 24.12.2025 16:32
Комеморација за актерот Лазе Манасковски во Драмскиот театар
„Кога заминува актер, не заминува само човек, заминува цел еден свет, цел еден универзум што тој го создавал на сцена.
-
Македонија 24.12.2025 16:07
Уапсени две лица во Тетово и Гостивар, кај нив се пронајдени пиротехнички средства
На 23.12.2025 во 14:20 часот на ул. „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.З.(52) од Тетово, информираат од МВР.










