Советот на Општина Валандово од буџетот издвои 300 илјади денари за помош на настраданите од невремето во скопскиот регион.
Хуманитарна акција за собирање средства за најзагрозените, вчера спроведе и општинската организација на Црвениот крст.
Советот на Општина Валандово од буџетот издвои 300 илјади денари за помош на настраданите од невремето во скопскиот регион.
Хуманитарна акција за собирање средства за најзагрозените, вчера спроведе и општинската организација на Црвениот крст.
Канадските медиуми објавија дека во акција на канадската полиција во градот Стратрој бил ликвидиран осомничен терорист.
Акцијата била спроведена откако полицијата добила „доверлива информација“ за потенцијална терористичка закана во град во провинцијата Онтарио.
Невреме проследно со пороен дожд, град и грмежи синоќа ја погоди западна Србија, предизвикувајќи штети на патната инфраструктура и на земјоделските насади.
Вкупно 17.000 американски долари или речиси милион денари собра Обединетата македонска дијаспора (ОМД) за два дена преку социјалните мрежи, во кампањата за донирање средства во рамки на акцијата на Црвениот крст.
Чешка ќе испрати 8 електрични генератори и 47 пумпи за чистење тиња по поплавите, кои пред неколку дена ја зафатија Македонија. Хуманитарниот конвој ќе тргне денеска.
До 31-ви август земјоделците кои сакаат да го осигураат родот треба да поднесат барање во подрачната единица на Министерството каде што е регистрирано стопанството.
Субвенцијата е 60 проценти од вредноста на полисата.
За денеска попладне и утре повторно се најавува невреме со пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и силен ветер.
Локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме, информираат од УХМР.
Сообраќајот на патиштата низ Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози, информира АМСМ.
55 тони вода, 5.500 пакети со храна, 190 душеци, 356 ќебиња и 210 килограми облека. Се донира интензивно. Телефонските линии и жиро-сметката на фонд за солидарност се сѐ уште отворени. Досега се собрани над 13 милиони денари.
Министерството за внатрешни работи апелира до жителите на Арачиново, Стајковци и Црешево да ги почитуваат поставената сообраќајна сингализација и наредбите од полициските службеници, ако патуваат кон Скопје, да ја користат обиколницата, а не да минуваат низ Сингелиќ.