Државната изборна комисија соопшти дека на својата веб-страница www.sec.mk го објави списокот на 39.502 граѓани чии записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет
Вести
-
Македонија 26.07.2016 14:34
-
Македонија 26.07.2016 14:17
Условот за најмалку 3,5 просек на Спортската академија ќе важи од наредната учебна година
Условот од 3,5 просек за Спортската академија ќе важи од следната учебна година- измените се усвоени во Собранието. Околу 120 ученици во текот на учебната година не успеаа да го обезбедат очекуваниот просек, кој во август минатата година беше законски регулиран.
-
Македонија 26.07.2016 14:01
Жерновски даде исказ во Специјалното јавно обвинителство
Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски даде исказ во Специјалното јавно обвинителство кое пред неколку месеци отвори истражно досие за проектот „Скопје 2014“.
Тој пред обвинителите како што рече доставил извештаи од ревизијата во врска со проектот „Скопје 2014“.
-
Македонија 26.07.2016 13:55
Метео: Утре сончево со умерена облачност
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Попладне не е исклучена можноста за ретка појава на краткотарен дожд со грмежи особено во западните и југозападните подрачја.
-
Македонија 26.07.2016 13:18
Акредитација за лабараториите на МВР
Одделот за криминалистичко- технички испитувања и вештачења доби сертификат за акредитација. Ова значи потврда на компетентноста, повисока доверба во лабараториските резултати, стандардизацијата на методите за анализа и вештачење на доказниот материјал со светските практики, велат од МВР.
-
Македонија 26.07.2016 12:57
Нова средба на работните групи од политичките партии
Работните групи и денеска треба да продолжат со работа. Доколку постигнат конечен договор, предлог- законите веднаш ќе бидат пратени до Собранието.
-
Свет 26.07.2016 12:52
Јапонија: Напаѓачот ѝ нудел на владата да убива хендикепирани лица
19 лица се убиени, а најмалку 25-мина се повредени во напад со нож во дом за немоќни и хендикепирани лица во јапонскиот град сагамихара близина на токио. Меѓу жртвите деветмина се мажи, а останатите се жени на вораст од 18 до 70 години. Напаѓачот е уапсен.
-
Свет 26.07.2016 12:47
Ердоган: Народот бара враќање на смртната казна
Во интервју за германска телевизија, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повтори дека народот бара враќање на смртната казна, а тоа барање мора да го исполнат оние што го водат.
-
Свет 26.07.2016 12:41
Двајца загинати при заложничката криза во црква во Франција
Свештеник и еден од напаѓачите се убиени за време на акцијата на француските безбедносни сили за „неутрализирање“ на двете вооружени лица, кои како заложници држеа неколку луѓе во една црква близу градот Руан, јави релевизијата Франс 24.
-
Свет 26.07.2016 11:48
Ципрас: Да му се овозможи на народот директна демократија
Грчкиот премиер Алексис Ципрас бара измени во Уставот за да му се овозможи на народот директна демократија.
Според него, луѓето треба да решаваат кој ќе биде претседател, функција што сега ја избира парламентот.









