Македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Попоски, ја коментираше одлуката на Обединетото Кралство за напуштање на Европската унија.
Вести
-
Македонија 24.06.2016 14:29
-
Македонија 24.06.2016 13:49
Промовиран првиот електричен картинг- Феитмобил
15 студенти од Факултетот за електротехника го претставија првиот електричен картинг во Македонија. Наречен е „Феитмобил“. Се напојува со батерии, а моторот има моќност од 2,5 киловати. Може да се движи околу половина час.
-
Култура 24.06.2016 13:28
Битола живее со „Шекспир фестивал“
„Шекспир форевер“ е музичко сценскиот перформанс со којшто беше отворен четвртиот меѓународен „Битола Шекспир фестивал“ на четиристотини години по смртта на големиот драматург Вилијам Шекспир.
-
Економија 24.06.2016 13:19
Во април 67,8 отсто од потрошената струја од домашни извори
Македонија во април годинава вкупно потрошила 575.485 мегават часови електрична енергија, 4.804 милиони нормални метри кубни природен гас, 441.255 тони јаглен и 90.069 тони нафтени продукти.
-
Македонија 24.06.2016 13:14
Отворена нова градинка во Петровец
Премиерот Емил Димитриев денеска беше во Општина Петровец каде се отвори новата детска градинка со капацитет за згрижување 80 деца. Владата, рече Димитриев ќе продолжи со проектите во Петровец со цел подобрување на условите за живот на граѓаните.
-
Свет 24.06.2016 13:07
Историски референдум: Велика Британија на „непозната територија“
Обединетото Кралство гласаше за излез од Европската Унија. Поддржувачите на Брегзит победија со 51,9% од гласовите на вчерашниот историски референдум. Конечните резултати во Шкотска и во Северна Ирска покажуваат дека мнозинството жители се изјасниле за останување во ЕУ.
-
Економија 24.06.2016 13:00
Пад на светските берзи по британското НЕ за ЕУ
Експресно реагираа светските берзи по одлуката на Британија да ја напушти Европската унија. Јапонскиот индекс НИКЕИ на токиската берза загуби 3% на отворањето по веста за британскиот референдум.
-
Економија 24.06.2016 12:01
Фунтата и еврото на најниско ниво од 2013-та
Курсот на еврото во однос на јенот падна денеска на најниско ниво од јануари 2013 година, како последица на резултатите од референдумот во Велика Британија.
-
Свет 24.06.2016 11:58
Борис Џонсон фаворит за наследник на Камерон
Поранешниот градоначалник на Лондон и лидер на кампањата за Брегзит, Борис Џонсон е фаворит за наследник на Дејвид Камерон на функцијата премиер на Велика Британија, објави денеска букмејкерската куќа „Ладброукс“.
-
Македонија 24.06.2016 11:11
Продолжен рокот за пријавување субвенции за млеко
Рокот за поднесување на барањата за субвенционирање на произведеното и предаденото овчо, козјо и кравјо млеко во периодот од јануари до април 2016 година ќе се продолжи од 25 до 30 јуни годинава.
Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар.









