Во Европскиот парламент во Брисел, денеска ќе се одржи меѓународна парламентарна конференција, посветена на заемноста меѓу политичките групи, партиите и владата, во процесот на пристапувањето во ЕУ.
Вести
-
Македонија 30.05.2016 10:21
-
Македонија 30.05.2016 10:11
Автомобил падна во река во Прилеп, загина жена, повреден маж
Една жена загина, а маж е тешко повреден во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска, во еден часот по полноќ во Прилеп.
Автомобил „Опел астра“, од засега непознати причини удрил во огрдата на малиот мост на Градска Река, кај сточното пазариште во Прилеп, по што паднал во реката.
-
Македонија 30.05.2016 10:05
Меѓународната награда „Иса бег Исаковиќ“ за претседателот Иванов
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, во Сараево ја прими престижната меѓународна награда „Иса бег Исаковиќ“. Меѓу номинираните за ова високо признание беа и шефицата за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Могерини, и поранешниот турски премиер Давутоглу.
-
Македонија 30.05.2016 09:54
На „Ало докторе“ изминатата недела помош побарале 1271 лице
Изминатата недела на телефонската линија за медицински совети „Ало докторе“ помош побарале 1.271 лице, а од почетокот на проектот се реализирани вкупно 95.312 повици, информира Здравствениот дом Скопје.
-
Македонија 30.05.2016 09:53
Попоски во посета на Холандија, актуелниот претседавач со ЕУ
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе престојува во посета на Кралството Холандија, која е актуелен претседавач со Европската Унија.
-
Економија 30.05.2016 09:47
Се стабилизираат берзанските цени на пченицата, расте цената на пченката
На берзата во Нови Сад, пченката и сојата достигнаа повисока цена, додека на пченицата се стабилизира на нивото на почетокот на годината од 8,7 денари за килограм.
Во Македонија пченицата останува да се продава по 10 денари што е највисока цена во регионот.
-
Македонија 29.05.2016 12:44
Претседателот Иванов на лидерски состанок на „Брдо Бриони процесот“
Забрзана интеграција на целиот регион во ЕУ и НАТО е главна цел на состанокот на лидерите на „Брдо Бриони процесот“, кој денеска се одржува во Сараево, а на кој учествува и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
-
Македонија 29.05.2016 11:10
Сервер: Решение за кризата се избори
Мислам дека прашањето за избори во Македонија, треба да се разбере како решение на политички проблем, и излез од кризата во кој се наоѓа земјата и јас верувам во тоа.
-
Економија 27.05.2016 17:03
Се очекуваат рекордни приноси на пченица
Доколку останат поволните временски услови годинава Македонија ќе има рекордни приноси на пченица од околу 240.000 тони лебно зрно, или за четвртина повеќе од лани. Со тоа земјава практично ќе обезбеди покривање на 80% од годишните потреби за пченица.
-
Македонија 27.05.2016 16:33
Даниелсон: Договорот од Пржино е најдобриот начин за излез од кризата
„Договорот од Пржино е единствениот излез од политичката криза“- порака од првиот човек на Директоратот за проширување, Кристијан Даниелсон по средбите со четворицата лидери во Скопје. Побара да ги имплементираат неопходните реформи и наскоро да подготват кредибилни избори.










