Бројот на летови во САД намален на главните аеродроми низ земјата поради безбедносните проблеми предизвикани од блокадата на владата, што стави притисок врз контролорите на летање кои работат без плата. Стотици летови веќе откажани додека патниците нервозно чекаат на аеродромите.
Вести
-
Свет 07.11.2025 10:20
-
Свет 07.11.2025 09:39
Израел ги интензивира нападите во Либан
Едно лице загина, а девет се повредени во израелски напади врз позиции на Хезболах во јужен Либан, кршејќи го едногодишното примирје. УНИФИЛ и САД предупредуваат дека нападите го загрозуваат мирот и цивилите, додека Израел најавува продолжување на операциите.
-
Македонија 07.11.2025 09:18
Расветлено убиството во Чашка, лишен од слобода еден од извршителите, по уште едно лице се трага
Министерството за внатрешни работи го лиши од слобода и до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против Д.Ц.(43) поради основано сомнение дека бил соизвршител во кривично дело „убиство“ по член 123 став 1 од Кривичниот законик.
-
Свет 07.11.2025 08:45
Три жртви во тајфунот „Калмаеги“ во Виетнам
Тајфунот „Калмаеги“ се упати кон Камбоџа и Лаос, откако го погоди Виетнам со ветрови до 150 км/ч, земајќи најмалку три жртви.
Претходно бурата поплави цели градови на Филипините, при што загинаа 114 луѓе, а над 120 се исчезнати.
-
Култура 07.11.2025 08:40
Вечерва премиера на македонската песна за Јуниорскиот Евросонг 2025 – „Miracle“ во изведба на Нела Манческа
Македонската Радио Телевизија со гордост најавува дека вечерва во 18:30 часот, на програмата на МТВ1 и на официјалниот YouTube канал на Јуниорскиот Евросонг, ќе биде промовирана песната „Miracle“, со која Нела Манческа ќе ја претставува Македонија на овогодишното издание на Јуниорскиот Евросонг 2
-
Македонија 07.11.2025 08:29
Мицкоски на увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз
Премиерот Христијан Мицкоски ќе направи увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз, информират од Владата.
Веќе е потпишан договор за линија 1 Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода – Аеродором – Железничка станица Скопје.
-
Свет 07.11.2025 08:29
Зеленски бара посилни санкции за Русија
Руската војска продолжува со напади низ Украина, Киев возвраќа. Жестоки борби и во стратешки важниот Покровск. Зеленски најави зголемување на поддршката за фронтот и ги повика земјите да се приклучат кон санкциите за Русија.
-
Македонија 07.11.2025 08:25
Заигра метлата во Скопје, „чистка“ и во јавните претпријатија
Заигра метлата во Скопје. Со над 100 камиони и повеќе од 800 работници почна големата акција за чистење на метрополата. Ќе трае 72 часа. На испомош на новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски му пристигна и механизација од други градови и локални самоуправи.
-
Македонија 07.11.2025 08:21
Седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања
Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска ќе одржи седница.
-
Македонија 07.11.2025 08:19
Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.










