Утре во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време со мала облачност и со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.
Во четврток се очекуваат услови за преодно дестабилизирање со локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време со мала облачност и со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.
Во четврток се очекуваат услови за преодно дестабилизирање со локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.
„Во Македонија се увезени отровни краставици од Албанија“, тврди дополнителниот заменик- министер за земјоделство Николовски. Ова го покажале анализите на примерок од краставиците.
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски ја посети локацијата на која се гради нов кружен тек на улицата 16-та Македонска бригада. Проектот вреден 45 милиони денари ќе биде завршен до јуни годинава, најави Трајановски.
Државната изборна комисија денеска треба да одржи седница на која, меѓудругото, треба да го утврди начинот на постапување по прашањата од теренската проверка.
Владата донела одлука од 1-ви септември да се вработи 131 дефектолог во образовните институции. Како што изјави заменик- министерот Спиро Ристовски, изборот на дефектолози ќе се реализира на транспарентен начин, односно по пат на јавни конкурси за вработување, кои ќе бидат објавувани етапно.
Сѐ уште е критична здравствената состојба на десетгодишното девојче кое беше повредено при вчерашното превртување на минибус во гостиварско.
Девојчето е хоспитализирано на КАРИЛ и е на апарати за дишење. Во несреќата беа повредени 14 лица, од кои 10 деца.
Комитет на Долниот дом на бразилскиот конгрес препорача импичмент за претседателката Дилма Русеф поради обвинувањата за манипулирање со сметките во владиниот буџет во 2014 година.
„Фридом хаус“ го објави годишниот извештај „Нации во транзиција“. Македонија има пад во шест од седумте категории, анализирани во документот.
Европската Унија да ѝ помогне на Грција да го испразни кампот во Идомени од каде што во последно време доаѓаат сите илегални обиди за влез на нашата територија и пo должината на коридорот што е затворен со одлука на Брисел, вели македонскиот претседател Иванов во интервјуто за грчката телевизија
Сириската опсерваторија за човекови права и Исламска држава тврдат дека џихадистите од екстремистичката организација собориле сириски воен авион за време на судирите западно од Дамаск.