Стартуваше теренската проверка на околу 89.383 спорни записи во избирачиот список. Анкетарите од изутрината се на терен. Се очекува теренската проверка да заврши за десетина дена.
Вести
-
Македонија 28.03.2016 12:11
-
Македонија 28.03.2016 11:57
„Тортура“: СЈО отвора истрага за апсењето на Бошкоски
Специјалното јавно обвинителство отвора нова истрага „Тортура“ за апсењето на екс министерот за внатрешни Љубе Бошкоски.
-
Свет 28.03.2016 11:13
Бан Ки-Мун го осудува терористичкиот напад во Пакистан
Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун, го осуди вчерашниот самоубиствен напад во пакистанскиот град Лахоре, при што загинаа над 70 лица, а 200-те беа повредени.
Бан Ки-Мун повика „извршителите на овој ужасен терористички акт што побрзо да бидат изведени пред суд“.
-
Економија 28.03.2016 11:10
Во четврток истекува рокот за барања за легализација на дивоградби
Пролонгираниот рок за поднесување барања за легализација на дивоградби истекува во четврток. Услов е објектот што е предмет на легализација да е изграден заклучно со 3-ти март 2011 година.
-
Свет 28.03.2016 11:06
Кери: Европа да ги спречи евентуалните нови напади
Европа под итно треба да ги спречи евентуалните нови напади на екстремистите по оние во Брисел, изјави американскиот државен секретар Џон Кери.
-
Свет 28.03.2016 10:48
Билансот на загинати во нападите во Брисел достигна 31 лице
Билансот на загинатите во самоубиствените бомбашки напади од 22-ри март на аеродромот и метрото во Брисел достигна 31 лице, соопшти Белгискиот кризен центар.
Во оваа бројка не се вклучени тројцата напаѓачи самоубијци. Досега е утврден идентитетот на 28 загинати.
-
Македонија 28.03.2016 10:41
Седум децении живот на македонците во Србија
Во Србија пред 70 години околу 60.000 македонци колонисти организирано беа доселени во Војводина. Тие и нивните наследници и ден денес живеат најмногу во околината на Панчево.
-
Македонија 28.03.2016 10:00
„Ало докторе“: Минатата седмица совет побарале 1.218 лица
На телефонската линија „Ало докторе“ минатата една недела совет поварале 1.218 граѓани.
Од кога започна да работи телефонската линија 02/15 123 од септември 2014 до вчера имало вкупно 84.109 повици.
-
Македонија 28.03.2016 09:58
Бебето од Дојран нема Денга вирус, во Германија се испитува дали има Зика
Во Германија ќе се испитува дали бебето од Дојран што пред две ипол недели било примено на Детската клиника во Скопје има вирус на Зика. Резултатите од проверките треба да бидат готови за 10-ина дена.
-
Македонија 28.03.2016 09:51
Бегалска криза: Ситуацијата на македонско- грчката граница е стабилна
Ситуацијата на македонско- грчката граница е стабилна и мирна. Мигрантите кои се уште се наоѓаат во кампот на грчка територија, вчера се обидуваа во неколку наврати да се доближат до местото низ кое минуваа на македонска територија.










