Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е надминат прагот на алармирање за суспендирани честички ПМ10 во Скопје, согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и временската прогноза од Управата за хидрометеоролошки
Вести
-
Македонија 19.12.2025 10:43
-
Свет 19.12.2025 10:16
Кубанскиот претседател ја осуди наредбата на Трамп за блокада на танкерите за нафта
Кубанскиот претседател ја осуди наредбата на Трамп за блокада на танкерите за нафта под санкции во и надвор од Венецуела како брутална и ризична воена мерка.
-
Македонија 19.12.2025 09:49
Најстудено во Скопје, Битола, Струмица и Берово
Изутринава најстудено било во Скопје - Петровец, Битола, Струмица и Берово, каде е измерена минимална температура од-4 степени Целзиусови, а најтопло во Крушево со измерени 4 степени Целзиусови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Свет 19.12.2025 09:31
Осомничениот за пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов
Мажот кој беше осомничен за убиство на две лица и за повреди на неколку други на Универзитетот Браун е пронајден мртов во магацин во Њу Хемпшир каде што изнајмил стан, соопштија официјални лица.
-
Македонија 19.12.2025 09:02
АХВ: Спроведени 262 контроли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени се минимални недоследности
Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбедноста на детските новогодишни пакетчиња.
-
Свет 19.12.2025 08:41
ЕУ ќе и даде заем на Украина од 90 милијарди евра
Лидерите на ЕУ се согласија да обезбедат бескаматен заем од 90 милијарди евра за Украина за да ги задоволи воените и економските потреби во следните две години, но не успеаја да се договорат за користење на замрзнатите руски средства.
-
Македонија 19.12.2025 08:32
Јаневска ќе се обрати на отворањето на научно-истражувачкиот центар „Знаење+ СО2-“ на Градежниот факултет во Скопје
Отворање на научно-истражувачкиот центар „Знаење+ СО2-“ на Градежниот факултет во Скопје, во рамки на соработката меѓу факултетот и цементарницата „Титан Усје“ АД Скопје.
На отворањето е предвидено обраќање на министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска.
-
Македонија 19.12.2025 08:27
Премиерот Мицкоски на промоција на Националната стратегија СМАРТ/МК 2030
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на промоција на Националната стратегија за развој на ИКТ – СМАРТ/МК 2030, документ усогласен со Европската дигитална декада и Агенда за развој.
-
Македонија 19.12.2025 08:25
Намалена видливост поради појава на магла
Oд изутрината во одделни делови од земјава има појава на магла. На патните правци Неготино-Градско и Неготино-Демир Капија е намена видливоста на 50 до 60 метри, предупредуваат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
-
Македонија 19.12.2025 08:19
Наутро магливо, преку денот променливо облачно
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточните делови ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.










