Њујорк ноќеска го победи Сан Антонио со 124:113 во финалето на НБА Купот. Натпреварот се одигра во „Т-Мобајл Арена“ во Лас Вегас.
Најефикасен во победничкиот тим беше Ануноби со 28, кај Сан Антонио се истакна Харпер со 21 поен.
Њујорк ноќеска го победи Сан Антонио со 124:113 во финалето на НБА Купот. Натпреварот се одигра во „Т-Мобајл Арена“ во Лас Вегас.
Најефикасен во победничкиот тим беше Ануноби со 28, кај Сан Антонио се истакна Харпер со 21 поен.
Кошаркарот на Далас маверикс, Купер Флаг стана првиот 18-годишен играч кој постигнал повеќе од 40 поени во натпревар од НБА.
Во натпреварот против Јута постигна 42 поени, седум скока и шест асистенции.
Кошаркарот на Тренто, Андреј Јакимовски, одигра извонреден натпревар вчеравечер на гостувањето против Бург во Б-групата од Еврокупот.
Италијанскиот тим победи со 91:73, а Македонецот стигна до 43 индексни поени, што е рекорд оваа сезона во Еврокупот.
Ветеранот Сет Кари ќе му се приклучи на својот брат, двократниот МВП во НБА лигата Стеф Кари, во тимот на Голден Стејт, потпишувајќи договор до крајот на сезоната, јавија денеска американските медиуми.
Македонската кошаркарска репрезентација в четврток ќе го одигра својот прв натпревар од квалификациите за Евробаскетот во 2029 година. На 27 ноември, влезот во СРЦ „Кале“ каде ќе гостува репрезентацијата на Азербејџан, ќе биде слободен.
Кошаркарите на Детроит пистонс ноќеска ја победи Индијана на гостински терен во натпревар од НБА-лигата со 122:117. Кејд Канингем од Детроит и Паскал Сијакам од Индијана беа најефикасни на натпреварот со по 24 поени.
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром триумфираа вечерва на домашен терен над Јахорина Пале со 96-77 во рамки на четвртото коло во регионалната АБА 2 лига.
Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл, на трет последователен натпревар во НБА-лигата.
Во натпреварот одигран ноќеска на гостински терен против Њу Орлеанс пеликанс (125:118), Србинот постигна 28 поени, 11 скока и додаде 12 асистенции.
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, го одигра својот прв натпревар во НБА сезоната 2025/26. Тој излезе на теренот на мечот со Јута.
Денвер Нагетс на гостински терен славеше победа над Лос Анџелес Клиперс на гостински терен со 130:116. Центарот на Нагетс, Никола Јокиќ, го предводеше својот тим со 55 поени, 12 скока и шест асистенции.