Македонската кошаркарска федерација го именува Марјан Илиевски за нов селектор на сениорската репрезентација, на местото на Александар Јончевски.
Кошарка
Блог вести
-
Кошарка 17.06.2025 17:30
-
Кошарка 03.06.2025 10:13
МЗТ Скопје по 12-ти пат е шампион на Македонија
Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром ја освои својата дванаесетта шампионска титула во Првата македонска кошаркарска лига, откако во четвртиот натпревар од финалната серија го совлада тимот на ТФТ со убедливи 77:53.
-
Кошарка 29.05.2025 10:59
Оклахома со победата над Минесота влезе во финалето на НБА лигата
Во петтиот натпревар Оклахома го оправда својот статус на фаворит и по првата четвртина водеше со 26:9, а веќе беше јасно во кој правец ќе оди мечот. Оклахома ноќеска ја победи Минесота со 124:94 и во пет натпревари го заврши финалето на Западната конференција — 4-1.
-
Кошарка 25.05.2025 10:36
Минесота доминираше над Оклахома и најави возбудливо финале на Западната конференција
Минесота Тимбервулвс забележаа убедлива победа над Оклахома Сити Тандер со резултат 143-101 на домашен терен, со што поведоа со 2-1 во финалната серија на Западната конференција.
-
Кошарка 20.05.2025 11:07
Кошаркарите на Оклахома се пласираа во финалето во НБА лигата
Кошаркарите на Оклахома се пласираа во финалето на Западната конференција во НБА-лигата, откако на свој терен го добија седмиот натпревар против Денвер со 125-93 и вкупно со 4-3 во победи во плејоф-серијата.
-
Кошарка 06.05.2025 09:13
Јута го продолжи договорот со тренерот Харди
НБА лигашот Јута Џез објави дека главниот тренер Вил Харди потпишал продолжување на договорот што би можело да го задржи на клупата до сезоната 2030/31.
Харди ќе ја почне својата четврта сезона на клупата на Јута наесен.
-
Кошарка 29.04.2025 13:55
Кари прогласен за соиграч на годината во НБА
Плејмејкерот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, ја доби наградата Твајман/Стоукс, која се доделува секоја година на играч кој е пример за тимска работа, тимска посветеност и пример за најдобрите квалитети на и надвор од теренот.
-
Кошарка 28.04.2025 09:56
Индијана и Бостон стигнаа до трети победи во 1 коло на НБА плејоф серијата
Екипите на Индијана пејсерс и Бостон селтикс се на чекор до второто коло на плејофот во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.
Бостон ноќеска на гости го совлада Орландо меџик со 107:98, додека Индијана се радуваше на теренот на Милвоки бакс со 129:103.
-
Кошарка 24.04.2025 11:25
Објавени номинираните за наградата Карим Абдул – Џабар
Американската професионална кошаркарска лига НБА денеска ги објави имињата на петте играчи номинирани за наградата Карим Абдул Џабар, која се доделува на играчот кој направил најмногу на полето на борбата за социјална правда.
-
Кошарка 22.04.2025 10:27
НБА: Тројца кандидати за МВП
Познати се номинираните за титулата најкорисен играч на регуларниот шампионат на НБА во сезоната 2024/25, објави прес-службата на лигата.
За наградата номинирани се Шаи Гилгеус-Александер од Оклахома Сити, центарот на Денвер, Никола Јокиќ и ѕвездата на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо.







