НБА објави промена во форматот на Ол-стар натпреварот, кој ќе се одржи во Лос Анџелес на 15 февруари 2026 година.
Кошарка
Блог вести
-
Кошарка 12.11.2025 10:03
-
Кошарка 06.11.2025 12:07
Нов трипл- дабал на Јокиќ
Денвер ноќеска го победи Мајами во натпревар од регуларниот дел на НБА-лигата со 122:112. Центарот на Нагетс, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл со 33 поени, 15 скока и 16 асистенции.
Резултати на другите натпревари играни ноќта среда кон четврток:
Кливленд – Филаделфија 132:121
-
Кошарка 05.11.2025 10:05
Оклахома Сити постави клупски рекорд
Оклахома Сити утрово на гостински терен забележа победа над Лос Анџелес клиперс со 126:107. За Тандер ова беше осма последователна победа од почетокот на сезоната поставувајќи нов клупски рекорд.
-
Кошарка 31.10.2025 10:12
НБА ја одобри продажбата на ЛА Лејкерс за 10 милијарди долари
Управниот одбор на НБА едногласно ја одобри продажбата на мнозинскиот удел во Лос Анџелес Лејкерс на милијардерот Марк Волтер, извршен директор на холдингот TWG Global. Од лигата соопштија дека трансакцијата ќе се финализира наскоро.
-
Кошарка 27.10.2025 09:37
Лука Дончиќ надвор од теренот најмалку една недела, проблеми и со Леброн Џејмс
Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, ќе паузира најмалку една недела поради истегнување на прстот на левата рака и повреда на долниот дел од левата нога, пренесуваат американските медиуми.
-
Кошарка 22.10.2025 09:45
Стартува новата НБА сезона, победи за Оклахома и Голден Стејт
Екипите на Голден Стејт Вориорс и Оклахома Сити Тандер со победа ја почнаа новата сезона во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.
Бранителот на шампионскиот трофеј, Оклахома на домашен терен по две продолженија успеа да го совлада Хјустон рокетс со 125:124.
-
Кошарка 21.10.2025 09:36
Кевин Дурант е најплатениот играч во НБА
Американската кошаркарска ѕвезда Кевин Дурант го продолжи договорот со Хјустон до 2028 година и со тоа стана најплатениот играч во историјата на НБА. Новиот договор на 37-годишниот Дурант изнесува 90 милиони долари.
-
Кошарка 17.10.2025 09:12
Расел Вестбрук потпиша за Сакраменто Кингс
Поранешниот МВП на НБА лигата, Расел Вестбрук, ја продолжува кариерата во Сакраменто Кингс. 37-годишниот плејмејкер, кој минатата сезона настапуваше за Денвер Нагетс со просек од 13,3 поени, 6,1 асистенции и 4,9 скока, ќе биде искусна замена за Денис Шредер.
-
Кошарка 08.10.2025 08:49
Победа на стартот од АБА2 лигата за МЗТ Скопје Аеродром
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром со победа ја стартуваше сезоната во АБА 2 лигата. Вчеравечер на домашен терен МЗТ Скопје Аеродром славеше победа над српската екипа Вршац со 75:63 (14:15; 20:22; 22:11 и 19:15).
-
Кошарка 03.10.2025 08:57
Јовиќ уште четири години во Мајами за 62.5 милиони долари
Српскиот кошаркар Никола Јовиќ го продолжи договорот со НБА лигашот Мајами за уште четири години, вреден 62,4 милиони долари, јавија американските медиуми, повикувајќи се на неговите менаџери.






