Писателот Владимир Јанковски од вчера до четврток е гостин на „Врисак“, саем на книга и фестивал на автори што од 10 до 17 септември се одржува во Риека. Повод за гостувањето на Јанковски е хрватскиот превод на неговиот роман „Скриени желби, немирни патувања“.
-
Култура 12.09.2023 10:32
-
Култура 12.09.2023 09:26
Со операта „Лидија од Македонија“ започнува новата сезона на Националната опера и балет
Во сабота на 16-ти септември ќе се дигне завесата на Националната опера и балет со што ќе се отвори новата сезона 2023/2024 година.
На сцената ќе биде изведена обновената опера „Лидија од Македонија“ на композиторот Ристо Аврамовски која е една од најубавите македонски опери.
-
Култура 11.09.2023 10:51
Промоција на книгата „Книжевен бинокулар“ од Соња Стојменска Елзесер
Утре, во 12 часот во спомен-собата „Т’га за југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе биде промовирана книгата „Книжевен бинокулар“ од Соња Стојменска – Елзесер, добитник на наградата „Димитар Митрев“ за најдобра критичко-есеистичка книга за 2022 година според Друштвото на писа
-
Култура 11.09.2023 10:43
Киро Урдин на интернационалниот поетски фестивал во Букурешт
Македонскиот еминентен мултимедијален уметник Киро Урдин од денеска до 17-ти септември ќе учествува на Интернационалниот поетски фестивал во Букурешт.
-
Култура 11.09.2023 09:47
Уметничката група Шатакуа во Скопје
Вторник, во, 19:30 часот, во Музејот на Град Скопје за прв пат ќе биде претставена уметничката група Шатакуа во Скопје. Истоимениот проект, Chatautauqua – е сплет од аналогна фотографија, видео движења, објекти и музика.
-
Култура 10.09.2023 10:49
Охриѓанецот Коста Абраш никогаш не го заборавил родниот крај
Охриѓанецот Коста Абраш е еден од многуте Македонци од крајот на 19 век распрснати низ регионот кој творел на друг јазик, притоа истакнувајќи го својот раскошен поетски талент. Покрај тоа што се вбројува меѓу раносоцијалистичките поети тој е препознатлив и по неговите емоции и носталгија.
-
Култура 09.09.2023 20:14
Нов успех за „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Цветановски
Станува збор за ТВ и филмски фестивал – еден од ретките во Европа кој истовремено е културен настан и летна школа за новинари, а жири комисијата којашто ја додели наградата ја сочинуваат еминентни личности од областа на новинарството и кинематографијата од Романија и од други земји.
-
Култура 08.09.2023 12:45
Во Охрид промовирана книгата „Зад нас“ од Наташа Андрееска
Книгата „Зад нас“ е збир од колумни емитувани на Македонското радио во кои новинарката со 35 годишно искуство Наташа Андрееска на пиедесталот го става човекот со сите свои доблести и мани, човекот од секојдневието.
-
Култура 08.09.2023 12:16
Во Струмица почнува Фестивалот „Ристо Шишков“ посветен на актерската игра
Околу 20 актери од земјава, но и од Бугарија и Словенија, ќе бидат во игра за наградата за највисоки актерски остварувања што традиционално се доделува на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица. Вкупно 10 претстави ќе бидат прикажани на годинашново издание.
-
Култура 08.09.2023 09:22
Бесплатни културни настани и слободен влез во музеите, галериите и на локалитетите за Денот на независноста
По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, под мотото „Гласник на слободата“, Министерството за култура се приклучува во централната прослава, организирана од Владата, со многубројни пригодни манифестации, изложба, концерти на млади уметници и на оперски арии, пр









