Во сабота, 8-ми јули, македонскиот камерен оркестар „Профундис“, ќе настапи на еден од најпрестижните фестивали за класична музика во регионот – „Раванелиус“ во Ќуприја, Србија. Ова учество е посебно и значајно, бидејќи Профундис ќе биде дел од затворањето на овој врвен музички фестивал.
-
Култура 03.07.2023 10:52
-
Култура 02.07.2023 12:07
Во Крушево седма година се организира фестивалот „Кога си во Крушево“
Преку 500 учесници од цела Македонија рекреираат и уживаат во велосипедски планински трки, во трчање, параглајдерство, јавање на коњи, во кајак и во концерни вечери. По седми пат се одржува фестивалот на отворено „Кога си во Крушево“.
-
Култура 01.07.2023 12:01
Културно историското наследство на Охрид магнет за странските посетители
Културно историското наследство на Охрид е еден од главните адути за привлекување на странски туристи. Тоа го покажуваат и статистичките податоци по отворањето на туристичката сезона, при што голема посетеност бележат и охридските музеи, од кои најзначаен е „Куќата на Робевци“.
-
Култура 01.07.2023 11:05
Костадиновска-Стојчевска: Емоциите и пораките од првата професионална претстава за лица со оштетен слух, „Улаф сте?“ ја потврдуваат моќта на театарот
Креативна, инклузивна и уметничка извонредна како и прва професионална претстава на македонски знаковен јазик за возрасни лица со оштетен слух и на говорен македонски јазик за љубителите на театарската уметност, создаде иновативната екипа на претставата „Улаф сте?“, во Центарот за култура – Битол
-
Култура 01.07.2023 10:39
Околу 300 учесници на фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“
Се разлеаја гајдите, зурлите, кавалите, одекнаа тапаните. Околу 300 изведувачи од цела Македонија и гости од Србија и Бугарија учествуваат на Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Почнаа во Прилеп, продолжуваат на Рудина, Долнени.
-
Култура 30.06.2023 09:12
Почнува 49-тиот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“
Вечер во Прилеп, утре на Рудина кај Долнени ќе одекнат тапаните, ќе се разлеат звуците на гајдата, кавалот, зурлата, кемането. Ќе се одржува Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.
-
Култура 29.06.2023 13:12
Промоција на романот „Јазол“ од Дејан Алексиќ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“
На 30-ти јуни од 19:00 часот во спомен-собата на Миладиновци „Т’га за југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје, ќе се одржи промоцијата на романот „Јазол“ од српскиот писател Дејан Алексиќ, во превод на Никола Кукунеш.
-
Култура 29.06.2023 09:50
Во Народниот театар во Белград гостуваше Националната опера и балет со „Госпоѓиците од Авињон“
Националната опера и балет гостуваше на Големата сцена на Народниот театар во Белград, со претставата „Госпоѓиците од Авињон“, во кореографија и режија на Олга Панго.
-
Култура 28.06.2023 13:31
Утре почнува Штипското културно лето
Утре почнува 38 издание на Штипското културно лето. До крајот на јули ќе се реализираат седумнаесет културни содржини, како изложби, промоции, концерти и филмски проекции. Дел од нив имаат хуманитарен карактер. Таков е случајот со ликовната изложба на утрешното отворање на Летото.
-
Култура 28.06.2023 11:43
Македонска филхармонија ќе гостува во Подгорица и во Дубровник
Оркестарот на Македонската филхармонија следната недела ќе гостува во Подгорица (4 јули) и во Дубровник (6 јули). Во Подгорица концертот ќе се одржи во Музички центар на Црна Гора, а во Дубровник, оркестарот на Филхармонија ќе настапи во „Књежев двор“.










