Во паркот на книгата на „Матица Ексклузив“ денеска во 19 часот ќе се одржи промоција на стихозбирката „Туѓинец во својата земја“ од Раде Силјан. За најновото дело на поетот ќе говори Иван Антоновски, а стихови ќе интерпретира артистот Ѓорѓи Јолевски.
-
Култура 28.06.2023 11:42
-
Култура 28.06.2023 10:21
Богата програма во рамки на Скопско лето
Во Музејот на македонската борба вечер ќе се одржи концерт на Андреј Наунов на пијано и Кристијан Жермен од Австрија, во рамки на Скопско лето. Настанот е во соработка со Австриската амбасада во Скопје.
-
Култура 28.06.2023 08:45
Меѓународна научна конференција „Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања“
Во рамки на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, денеска ќе се одржи VIII меѓународна научна конференција „Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања“.
-
Култура 27.06.2023 18:25
Културната размена е во приоритетите во процесот на ЕУ интеграциите
Недискриминација, различност, инклузија и современите прашања што ги поставува дигитализацијата, се темите кои беа во фокус на денешната средбата помеѓу министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и генералната секретарка на Советот на ЕУ, Марија Пејчиновиќ Буриќ.
-
Култура 27.06.2023 12:29
Костадиновска-Стојчевска: Културата не е семоќна, но е силна порака за живот без предрасуди, без расизам и без дискриминација
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во рамките на работната посета на Стразбур присуствуваше и се обрати на 7. пленарен состанок на Управниот комитет за антидискриминација, диверзитет и инклузија.
-
Култура 26.06.2023 17:23
„Струшки вечери на поезијата“ годинава под мотото „Чувствотворен јазик“
„Струшки вечери на поезијата“ како еден од најстарите и најзначајните светски поетски фестивали ќе се одржи и годинава, во вообичаениот термин, на крајот на август, од 24-ти до 28-ми август во своето автентично издание на препознатливите локации.
-
Култура 26.06.2023 15:37
Костадиновска-Стојчевска во работна посета на Стразбур
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, од денеска престојува во работна посета на Стразбур, каде ќе учествува и ќе се обрати на 7-от пленарен состанок на Управниот комитет за анти-дискриминација, диверзитет и инклузија (CDADI).
-
Култура 26.06.2023 12:11
Изложбата „Супстрати“ во Париз ќе ја афирмира културната програма на Отворен Балкан
Под покровителство на министерствата за култура на Северна Македонија, Србија и на Албанија, а во рамки на културната програма на иницијативата Отворен Балкан, на 13 јули (четврток) 2023 година, во 20:00 часот, во Културниот центар на Србија во Париз, ќе биде отворена изложбата „Супстрати“.
-
Култура 25.06.2023 15:02
Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска и светски познатиот диригент Мехта со порака, музиката не познава граници
Незаборавна вечер исполнета со хармонија, заедништво и срдечни аплаузи го опфати духот на Отворениот Балкан, откако во Скопје заврши серијата концерти по повод 100-годишнината на Белградската филхармонија.
-
Култура 25.06.2023 12:51
Вевчани домаќин и инспирација на светските сликари
Живописното Вевчани и годинава домаќин и неисцрпна инспирација за врвните светски уметници. Започна дванаесеттото издание на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања“, на која ќе творат 25 афирмирани сликари од земјава и странство.










