• Македонија 05.10.2026 10:02

    Две комисии денеска во Собрание

    Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

    На дневен ред на двете собраниски тела е Предлог-законот за дополнување на Законот за државните награди, кој ќе се разгледува во прво читање.

  • Македонија 05.10.2026 09:00

    Премиерот Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на новата детска градинка во Општина Теарце. На отворањето ќе присуствуваат евроамбасадорот Михалис Рокас и градоначалникот на Општина Теарце, Даут Мемиши.

  • Македонија 05.10.2026 08:34

    Средба на Гаши со поранешни претседатели на Собранието

    Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ќе се сретне со поранешни претседатели на законодавниот дом.

    Поранешни собраниски спикери ќе го посетат Собранието, а средбата ќе се одржи во 13 часот во Охриската сала.

  • Македонија 05.10.2026 08:15

    Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози

    Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

    На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

  • Македонија 05.10.2026 08:14

    Сончево и релативно топло, температурите до 29 степени

    Времето денеска ќе биде ведро и студено наутро, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

    Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6 степени, додека максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

  • Македонија 04.10.2026 20:07

    Машкото здравје сè уште табу-тема

    Прилепчанецот Илија Стеваноски е пациент на онкологија. Навреме се обратил и вели, нема срам за машкото здравје.

    Помладите велат дека се преокупирани со други проблеми.

  • Македонија 04.10.2026 18:41

    Политички препирки за евроинтеграциите и криминалот

    „Објави криминал во неговите редови, па го снема.“ ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција го повика лидерот на опозицијата, Венко Филипче, да ги достави до Обвинителството сите докази со кои ќе се потврди дека Славјанка Петровска, како министерка за одбрана, направила криминал.

  • Македонија 04.10.2026 18:02

    40 години епископска дејност на г.г. Стефан

    Со света утринска литургија и присуство на македонските владици, во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ одбележан празникот на сите македонски светители, но и одбележување на 40 години од епископската служба на поглаварот на МПЦ - Охридска архиепископија г.г. Стефан.

  • Македонија 04.10.2026 15:42

    „Розев пикник појадок“ во Скопје за подигање на свеста за ракот на дојка

    „Крилјата различни. Борбата лична. Поддршката заедничка“, а тие сплотени и покрај целата голгота и стрес со откривањето на дијагнозата храбро продолжуваат напред. Жените кои ја добиле најстрашната дијагноза со порака: него одложувајте прегледот, канцерот нема симптоми.

  • Македонија 04.10.2026 14:54

    Зголемен број повици, сè помалку оџачари

    Со приближување на грејната сезона, расте бројот на повици до оџачарите. Во Куманово, дел од домаќинствата се уште се греат на дрва. Дино, еден од ретките оџачари од североистокот посочува побарувачката во моментов е голема, а мал бројот на овие занаетчии.

Pages