Македонските безбедносни служби, во координација со МВР и Обвинителството, истражуваат мрежа од интернет-портали и лица за кои Агенцијата за национална безбедност тврди дека се дел од пропаганден апарат што дејствува во корист на руски интереси.
-
Македонија 01.10.2026 18:43
-
Македонија 01.10.2026 18:31
Прекинато судењето за „Пулс“, Јованов со брза помош пренесен во болница
Испровоцирани од сведочењето на вештакот, предложен од одбраната на Дејан Јованов, родители и дофрлаа од адвокатката – „тој до тебе ги уби нашите деца“. Судијката ги отстрани од судницата, на Јованов му се слоши, по што првообвинетиот со брза помош беше пренесен во болница.
-
Македонија 01.10.2026 18:26
Терапијата за цистична фиброза достапна и за деца од двегодишна возраст
Терапијата за цистична фиброза достапна и за најмладите пациенти. Првпат ќе ја добиваат и децата од двегодишна возраст, како и лицата со ретки генетски мутации. Со проширување на третманот – сите 126 медицински оправдани пациенти ќе бидат опфатени со терапија.
-
Македонија 01.10.2026 18:00
Ревизијата откри пропусти во „Мој Термин“
Пациенти со месеци, па и години чекаат за операција, и во системот „Мој термин“ се водат на листа на чекање, констатира Државниот завод за ревизија. Во дел од јавните здравствени установи недостигале листи на закажани прегледи.
-
Македонија 01.10.2026 17:52
„Идиот кој зборува будалаштини“ – Филипче со жестока навреда кон Мицкоски
„Комплетен идиот“ – квалификација од лидерот на СДСМ за премиерот Мицкоски. Говорејќи за евроинтеграциите и што шефот на Владата ќе и каже на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на средбата во Скопје, Филипче го обвини Мицкоски дека земјата ја донел во ќорсокак.
-
Македонија 01.10.2026 17:29
Речиси 9.000 бруцоши го започнаа академскиот пат на УКИМ
УКИМ ја отвори вратата за близу 9.000 бруцоши. Ова е нивниот прв академски час заедно со уште близу 5.000 од другите универзитети во земјава. Оние кои веќе привршуваат со студиите им порачаа на своите колеги дека треба да се борат уште од сега да ја креираат иднината, наместо да ја чекаат.
-
Македонија 01.10.2026 17:00
Кандидатите за градоначалник на Брвеница со различни програми и приоритети
Економски развој, нови инвестиции, подобрување на бизнис-климата и на инфраструктурата во Брвеница – ветува кандидатот за градоначалник на Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски.
-
Македонија 01.10.2026 16:49
Петмина лекари од битолската болница обвинети за несовесно лекување на 40-годишна пациентка
Битолското Јавно обвинителство поднесе обвинителен предлог за петмина лекари-интернисти од битолската Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“.
-
Македонија 01.10.2026 16:26
Потпишан Меморандум за соработка за поголемо учество на младите во локалната заедница
Во Скопје денес беше потпишан Меморандум за соработка меѓу ЗЕЛС, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Националниот младински совет на Македонија, со цел создавање повеќе можности и посилна поддршка за младите во општините.
-
Македонија 01.10.2026 15:48
Минчев од Рим: Законите се донесени, сега следи најважниот чекор – нивната целосна имплементација
„Време е законите да почнат целосно да се применуваат, а реформата да даде резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат“ порача министерот за јавна администрација Горан Минчев од Рим, каде денеска со министерот за јавна администрација на Република Италија, Паоло Зангрило










