Македонија влегува во сезоната на грип. Во текот на една недела има 154 граѓани со симптоми на грип, или 37,5 проценти повеќе од претходната седмица. Половина од болните се од Тетово и од Скопје.
-
Македонија 19.11.2026 18:40
-
Македонија 19.11.2026 18:21
Муцунски: Безбедноста на Западен Балкан е неразделно поврзана со стабилноста на Европа
Безбедноста на Западен Балкан е неразделно поврзана со безбедноста и стабилноста на Европа.
-
Македонија 19.11.2026 17:44
Сомнежи за еколошки криминал во „Макстил“
Дали во кругот на фабриката „Макстил“ имало загадување и од што, истажуваат надлежните.
Полициски службеници од единицата за економски криминал при СВР Скопје по добиени оперативни информации и по наредба на Основното јавно обвинителство, вршат контрола во поранешната Железара.
-
Македонија 19.11.2026 17:06
Јаневска: Со ребалансот ќе се платат и долговите за струја на УКИМ
Наместо предавања и научна работа, вчера дел од факултетите на УКИМ без електрична енергија. Струјата набрзо се врати, но долгот останува. ЕВН поставила рок до петок да се подмири сметката, за која министерката за образование, Јаневска, вели дека има пари од ребалансот на буџетот.
-
Македонија 19.11.2026 17:00
ДЗР откри серија слабости во информациската безбедност на ФЗО
Нема офицер за сигурност на информацискиот систем, а во секторот за информатика се пополнети само 7 од предвидените 42 работни места.
-
Македонија 19.11.2026 16:49
„Кажи не!“ – За побезбеден дигитален свет за децата
Сексуалната злоупотреба на деца во дигиталниот простор е сериозен облик на криминал со долгорочни последици врз жртвите. Споделувањето фотографии и видеоматеријали, комуникацијата со непознати лица и злоупотребата на стекнатата доверба можат да ги изложат децата и младите на сериозни ризици.
-
Македонија 19.11.2026 16:24
Сали – Камп: Правата на заедниците и меѓуетничката кохезија се суштински дел од европската интеграција
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Кристоф Камп. Во фокусот на разговорот беа правата на заедниците, меѓуетничките односи и реформите поврзани со европската интеграција.
-
Македонија 19.11.2026 16:17
Министерството за јавна администрација меѓу наградените на ОЕЦД-СИГМА и РеСПА за 2026 година
Министерството за јавна администрација доби специјално признание во рамките на Наградите за јавна администрација за 2026 година (Public Administration Awards 2026), доделени во Белград, во организација на Регионалното училиште за јавна администрација – ReSPA и ОЕЦД-СИГМА, за проектот „PAR Connect
-
Македонија 19.11.2026 15:32
Дисциплинска комисија ќе одлучува дали медицинската сестра од ГАК ќе продолжи да работи со новороденчиња
Дисциплинска комисија ќе одлучува дали медицинската сестра, којашто при вадење на инфузијата му пресече дел од палецот на новороденче, ќе продолжи да работи со бебиња.
Комисијата е составена од доктор, адвокат и синдикален претставник и одлуката треба да ја донесе во рок од 60 дена.
-
Македонија 19.11.2026 15:17
АХВ: Почна вакцинацијата на ситниот добиток против болеста сипаници кај овци и кози
Согласно Решението за итна вакцинација на овците и козите против болеста сипаници кај овци и кози, кој е одобрена од Европската унија (ЕУ), во Источнит регион плански регион почна акцијата за масовна заштита на ситниот добиток од оваа болест.









