Финансиска полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот на Росоман, Стојан Николов.
-
Македонија 10.06.2025 14:24
-
Македонија 10.06.2025 14:09
Јаневска во Тетово: Сликата за образованието да ја менуваме сите заедно, ќе има многу инвестиции во инфраструктурата
Бериќетно ја заокружуваме учебната година со претставување на успешно реализирана капитална инвестиција за подобрување на условите во Вашето училиште и даваме до знаење дека инфраструктурата е наш заеднички приоритет, затоа што е исклучително важен фактор за квалитетот на образованието.
-
Македонија 10.06.2025 14:04
Обновено Одделението за управни работи при МВР
Нема повеќе чекање и гужви по шалтерите за лични документи. Реновираните одделенија за управни работи на МВР ги подигнаа услугите за граѓаните на светско ниво. Граѓаните се информираат за местото каде треба да пристапат уште на влезот преку информативните пултови. Потоа.
-
Македонија 10.06.2025 13:36
Зајакнати контроли за безбедноста на храната
Граѓаните јадат безбедна храна – уверува Агенцијата за храна и ветеринарство. Оттаму порачуваат дека во летната сезона ќе ги зајакнат инспекциските контроли и ќе прават вонредни надзори. Известува Александра Спировска.
-
Македонија 10.06.2025 13:32
Крај на учебната година, почнува распустот
Училишното ѕвонче заѕвони за последен пат – 10 јуни го означи крајот на учебната година. Почна летниот распуст. Иако наставата за матурантите од поодамна заврши, тие сè уште го греат столчето – утре го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. -
Македонија 10.06.2025 13:26
Колку пратениците се блиски до граѓаните?
Пратениците сакаат да ги уверат граѓаните дека Собранието е отворено и одговорно. Парламентарниот карван посети 10 општини, а денеска беше во Скопје.
Известува Марија Котовска.
-
Македонија 10.06.2025 13:25
Мицкоски: Обиди за злоупотреба на трагедијата
„Ниту повредените, ниту семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами“, уверува Владата. Се чека одлуката, одморалиштето „Пониква“ да се пренамени во Центар за рехабилитација. -
Македонија 10.06.2025 13:13
Истражна постапка за финансиски злоупотреби
Бизнисменот Ристо Крмзов доби 30-дневен притвор. Тој е еден од осомничените во случајот, во којшто повеќе физички и правни лица се товарат дека го оштетиле буџетот за над 94 милиони евра. Обвинителството денеска информираше за самата истражна постапка.
-
Македонија 10.06.2025 12:34
Притвор за Александар Нацев кого Обвинителството го води како вистински сопственик на агенцијата за обезбедување
30 дена притвор заработи и Александар Нацев, човекот за кого Oбвинителството соопшти дека е вистински сопственик на агенцијата „Рубикон“, којашто ја обезбедувала дискотеката „Пулс“ во Кочани.
-
Македонија 10.06.2025 12:00
Претрес во Тетово, пронајдени дрога и оружје, приведени три лица
На 09.06.2025 во 17.10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Р.(36), А.Р.(37) и М.Р.(61), сите од Тетово. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 9 мм, рамка со 15 куршуми калибар 9 мм, две празни рамки,










