Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница ќе разгледа годишни извештаи за работата на Народниот правобранител, на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап и на Агенцијата за администрација.
-
Македонија 10.06.2025 08:39
-
Македонија 10.06.2025 08:29
Од утре учениците на летен распуст
Последен училиштен ден за сите ученици, пред летниот распуст, освен за матурантите кои учеа до 16-ти мај.
-
Македонија 10.06.2025 08:23
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 10.06.2025 08:20
Јаневска ќе го посети реконструираното ОУ „Андреја Савески – Ќиќиш
Денеска министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во посета на Општина Тетово.
Министерката ќе го посети реконструираното ОУ „Андреја Савески – Ќиќиш“.
-
Македонија 10.06.2025 08:08
Сончево со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
-
Македонија 09.06.2025 21:30
Прва операција на рака со нов метод
Тимот на ортопедско-трауматолошкото одделение во прилепската болница под менторство на д-р Игор Мерџаноски од клиниката за трауматологија од Скопје ја изведе втората операција во земјава, прва во Прилеп, спасувајќи му ја функционалноста на левата рака на 37-годишен пациент.
-
Македонија 09.06.2025 21:00
Кривична пријава против 23 физички и 15 правни лица, предизвикале штета на државниот буџет од над 94 милиони евра
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал, во соработка со Оддел за криминалистичка полиција, Управата за финансиска полиција и Управа за јавни приходи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Р.К.(56),
-
Македонија 09.06.2025 20:19
Азир Алиу е избран за нов министер за здравство
Азир Алиу и официјално е нов министер за здравство, а Албрим Хоџа нов заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Пратениците во Собранието ги изгласаа со 65 гласа „за“, 15 „против“ и ниту еден воздржан.
-
Македонија 09.06.2025 19:30
Со поддршка од САД се реконструираше ОУ „Гоце Делчев“ во валандовско Пирава
По повод завршување на инвестициската активност, денес училиштето го посетија министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, заменик амбасадорката на САД во Македонија, Никол Варнс и заменик шефот на Канцеларијата за одбранбена соработка при амбасадата, мајор Даниел Силвер.
-
Македонија 09.06.2025 18:40
Приведен возач од тетовско, управувал возило со 162 км/час на место каде е дозволено 80 км/час
Вчера во 17.43 часот на автопат Тетово – Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода В.М.(24) од с. Пирок, тетовско. При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека В.М.










