Во Кривичниот суд завршни зборови на Обвинителството за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На последното судење беа изведувани дополнителни докази од одбраната на Палевски, Видевски и Ѓорчевски.
-
Македонија 09.06.2025 08:12
-
Македонија 09.06.2025 08:04
Сончево со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
-
Македонија 08.06.2025 20:29
Мицкоски со порака до младите-Македонија мора да успее, да го смениме системот и да ја вратиме надежта
Празни клупи на факултетите и улиците, полни автобуски со млади кои заминуваат од земјава, ова е заедничко потфрлање на сите кои досега ги воделе политиките во земјава. Затоа мораме да го смениме системот и да ја вратиме надежта.
-
Македонија 08.06.2025 17:40
Партиски обвинувања за софтвер за прислушување
Опозициската СДСМ објави договор, според кој на почетокот на мај, МВР набавило софтвер за прислушкување и шпионажа на телефонски уреди. Социјалдемократите прашуваат дали таргет на следење и прислушкување се новинари, активисти и политички неистомисленици.
-
Македонија 08.06.2025 17:04
Повредените од пожарот ќе се рехабилитираат во одморалиштето „Пониква“
Повредените од пожарот во Кочани ќе се рехабилитираат во одморалиштето „Пониква“. Со владина одлука, Министерството за внатрешни работи, како сопственик, ќе му го отстапи објектот на Министерството за здравство, со цел рехабилитација и продолжена медицинска нега на повредените.
-
Македонија 08.06.2025 15:43
Охрид најбарана и најпродавана еднодневна екскурзија во Албанија
Охрид е најпродаваната еднодневна екскурзија во соседна Албанија. Се смета за најатрактивна дестинација за бројните странски гости кои летуваат на Јадранското и Јонското море.
-
Македонија 08.06.2025 15:06
Стотина прегледи во едно деноноќие на Детската клиника
По стотина прегледи за 24 часа имаат лекарите во дежурните амбуланти на Клиниката за детски болести. Дијареја, повраќање, проследени со покачена температура е најчестата симптоматологија поради која родителите ги носат децата и бараат помош.
-
Македонија 08.06.2025 14:49
Утре избор на нов министер за здравство
Азир Алиу да биде министер за здравство, а Албрим Хоџа заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство се владините предлози потпишани од претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кои ќе се разгледуваат на 54-тата собраниска седница.
-
Македонија 08.06.2025 14:05
Охрид: Без спасители на вода плажите ќе бидат небезбедни
За разлика од минатите четири години кога интересот за обука на спасители на вода беше минимален, годинава само до овој период се пријавени над 20 млади лица кои ќе ја минат обуката според стандардите на Меѓународната федерација за безбедност на вода.
-
Македонија 08.06.2025 13:02
Иницијатива – родителите на деца со попречености да добијат статус на негувател
Родителите на децата со попречености бараат измени на Законот за социјална заштита за да добијат статус на родител-негувател идентично како и згрижувачите на лица со попречености. Анче Туфекчиева секојдневно се грижи за својата ќерка со Даунов синдром.










