Зголемен бројот на заболени со западнонилска треска во Скопје. Со три нови потврдени случаи бројката се искачи на 34 вирусот детектиран и кај жител од Арачиново.
-
Македонија 16.08.2026 12:25
-
Македонија 16.08.2026 10:15
ЦУК: Активни се шест пожари, еден е под контрола
Центарот за управување со кризи информира дека утрово до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 29 пожари на отворен простор.
Од нив, активни се шест, под контрола е еден пожар, додека 22 пожари се изгаснати.
-
Македонија 16.08.2026 09:31
Зголемен сообраќаен интензитет низ земјава, најдолго се чека на ГП „Богородица“
Зголемен сообраќаен интензитет е регистриран на патиштата низ земјава, особено на делниците надвор од населените места, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на државната патна мрежа генерално се одвива без поголеми проблеми, а коловозите се суви и проодни.
-
Македонија 16.08.2026 08:27
Сончево со мала до умерена локална облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во Скопје, сончево со слаб ветер од променлив правец.
-
Македонија 15.08.2026 20:13
Свечено пуштена во употреба новата спортска сала во ПОУ „Круме Кепески“ во Припор
Учениците од подрачното основно училиште „Круме Кепески“ во Припор од денес добија современ затворен спортски објект каде што ќе можат непречено да ја одржуваат наставата по физичко воспитување, да спортуваат и да се развиваат.
-
Македонија 15.08.2026 19:42
Воведена е забрана за употреба на водата во Демир Капија
Гостиварци добија вода, но во Демир Капија е воведена е забрана за употреба на водата – не за пиење, ниту за готвење, предупредија општинските власти. Одлуката е донесена поради различните резултати од анализите на водата во различни денови на исто мерно место.
-
Македонија 15.08.2026 18:08
Мицкоски: Ќе се казнуваат оние кои свесно создаваат страв за водата, СДСМ бара одговорност за Гостивар
Хибриден напад се пораките со дезинформации кои беа објавени за наводна бактерија во водата во Скопје со цел да се шири немир, несигурност за да се создаде таква атмосфера во услови кога ја нема, дециден е премиерот Мицкоски. Прстот за ширењето на лажните вести го впери во опозицијата.
-
Македонија 15.08.2026 17:43
Сè уште беснеат пожари на отворено во Македонија
Сè уште беснеат пожари на отворено во Македонија. Во последните 24 часа биле регистрирани 27 пожари, од кои 6 се активни. Гори во општините Македонски Брод, Велес, Крушево, Студеничани и Јегуновце. Под контрола е ставен пожарот на депонијата во Делчево.
-
Македонија 15.08.2026 17:06
Бројот на заболени секојдневно се зголемува
Секојдневно се зголемува бројот на заболени со западнонилска треска во Скопје. Од Центарот за јавно здравје велат – има три нови потврдени случаи со што бројката се искачи на 34. Вирусот за прв пат оваа сезона е детектиран и кај жител од Арачиново.
-
Македонија 15.08.2026 15:36
СВР Битола лиши од слобода две лица поради предизвикување пожари
Полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп.










