Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
-
Македонија 17.08.2026 08:15
-
Македонија 16.08.2026 19:20
Притвор за осомничен за транспорт на дрога
Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција спроведува истражна постапка против едно лице за транспорт на над 324 килограми марихуана. Осомничениот од февруари до 14-август, заедно со уште тројца против кои се води постапка во Грција се опфатени со акцијата „Вардарис“.
-
Македонија 16.08.2026 18:39
Нема нови случаи, се прска против комарци
Бројот од 34 заразени со западнонилска треска го вклучи алармот кај општините. Се мобилизираа и почнаа вонредна дезинсекција против ларви и комарци за спречат натамошно ширење на вирусот. Први се прскаа каналите со застојаните води, кои се сметаат за жаришта за размножување на комарците.
-
Македонија 16.08.2026 18:07
Непроспиена ноќ за жителите на Зелениково
Среќа што е летно време и имало сè уште будни, кои доцна во ноќта го забележале пожарот над Зелениково – раскажуваат локалните жители по повеќечасовната борба со пламените јазици што опасно им се закануваа на првите куќи.
-
Македонија 16.08.2026 17:42
Власта и опозицијата во клинч за образованието
Политичка хајка против партиски неподобни директори или контроли во училиштата по добиени претставки за неправилности. Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за случувањата во образованието.
-
Македонија 16.08.2026 16:44
Заштита на кожата од високиот УВ индекс
Креми со заштитен фактор треба да се користат не само на плажа, туку и при секое изложување на сонце, советуваат лекарите. Кога УВ зрачењето е најсилно, кожата да се штити со шешир и облека со долги ракави
-
Македонија 16.08.2026 15:49
Битола-туристичка дестинација или само попатна станица?
Во летниот период низ градот можат да се сретнат туристи од различни земји. За дел од нив Битола е задолжителна попатна станица, но не и крајна дестинација. По неколку часовно разгледување, најголем дел од нив го продолжуваат своето патување во други градови.
-
Македонија 16.08.2026 15:00
Драстично намалени пчелните приноси
Наместо полни кошници – празни пчеларници. Годинава пчеларите се соочуваат со драматично намалено производство. Според нив, ова е една од најлошите сезони во последните две децении.
-
Македонија 16.08.2026 14:26
Во Струмица музичка концертна вечер за 35 години независна Македонија
Цели четири часа уживаа посетителите во Струмица во хитовите на Синтезис, Мизар и Меморија бендови кои оставија силна трага во македонската музика.
-
Македонија 16.08.2026 13:47
Инсистирам да се објави извештајот за квалитетот на водата во Гостивар, вели Мицкоски
И јас инсистирам да се објави извештајот за квалитетот на водата во Гостивар, вели премиерот Христијан Мицкоски кој не ја исклучи можноста, истрагата на Обвинителството да се прошири и кон други лица кои придонеле за загадувањето на водата во градот.










