Тајните аудио снимки во случајот „Махаилова“ ја разбрануваа Софија. Бугарската министерка за надворешни работи, Чамова, не гледа докази дека таа била изложена на притисок од бугарските служби.
-
Македонија 16.11.2026 19:42
-
Македонија 16.11.2026 19:17
Во Собранието дебата за извештаите на Европската комисија
Без суштински исчекор во евроинтеграциите, ниту евидентен напредок во борбата против корупцијата. Вака лидерот на СДСМ го интерпретираше последниот извештај на ЕК за напредокот на земјата. Вели дека земјата лошо стои на економски план и не ги користи европските фондови.
-
Македонија 16.11.2026 19:05
Нови можности за македонската патна инфраструктура преку членство во европската асоцијација
Полесно ќе се надминуваат проблемите кои се јавуваат во текот на изградбата на инфраструктурните проекти, а инженерите ќе имаат пристап до најновите светски стандарди за изградба на патишта.
-
Македонија 16.11.2026 18:31
Хаџи Василева на чело на ОЈО ГОКК
Искра Хаџи Василева седна на челната позиција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Вети ефикасен кривичен прогон.
-
Македонија 16.11.2026 18:14
Се бараат законски овластувања за справување со добитокот
Законски механизам за организирана интервенција со јасни овластувања, одговорности и ветеринарен надзор бара Општина Крива Паланка за надминување на проблемот со неконтролираното движење на добитокот.
-
Македонија 16.11.2026 18:14
Обвинителството побара притвор за насилникот од Охрид, девојката надвор од животна опасност
Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против 31-годишниот охриѓанец за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста, сторени при вршење семејно насилство врз неговата 26-годишна партнерка.
-
Македонија 16.11.2026 18:00
Секое десетто бебе се раѓа предвреме
Девојки забременуваат прерано, некои од нив користат цигари, алкохол, но и психотропни супстанции, а голем број жени забременуваат подоцна, кога веќе имаат коморбидитети. Ова се причини за предвремено раѓање. Едно од 10 бебиња доаѓа на свет предвреме.
-
Македонија 16.11.2026 17:47
Мицкоски: Нема гаранции дека уставните измени се последното барање на патот кон ЕУ
Македонија беше меѓу првите земји за проширување, но постојано добива услови за приклучување што немаат врска со реформите.
-
Македонија 16.11.2026 17:35
СВР Битола го лиши од слобода лицето пријавено за семејно насилство
Полициски службеници од СВР Битола, во координација со бранителот на лицето К.У.(24) и Основното јавно обвинителство Битола, презедоа мерки лицето доброволно да се предаде во СВР Битола.
-
Македонија 16.11.2026 17:09
Приведен осомничениот за претепување на девојката
Попладнево повторно е приведен 31-годишниот охриѓанец, кој вчера ја истепа својата девојка. СВР Охрид против него поднесе кривична пријава за тешка телесна повреда. Според полицијата, расправијата започнала во неговиот дом, а продолжила во автомобилот.










