Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од општина Аеродром и од село Мирковци, општина Чучер Сандево.
-
Македонија 24.01.2025 09:02
-
Македонија 24.01.2025 09:01
Твининг проект „Зајакнување на капацитетите на АВМУ и на Јавниот радиодифузен сервис“
„Дезинформации: како да се препознаат и да се спречат“, е насловен настанот што денеска ќе се одржи, а со кој се заокружува Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Јавниот радиодифузен сервис“.
-
Македонија 24.01.2025 08:58
Најстудено утрово во Битола-4, во Скопје 2 степени и магла
Најстудено утрово е во Битола со-4 степени, во Прилеп е-3, Тетово-1, два степена над нулате е во Скопје, а најтопло е во Крушево 4 степени.
УХМР соопшти дека на Попова Шапка има снежна покривка од 44 сантиметри, во Крушево 18, а во Битола 11.
-
Македонија 24.01.2025 08:36
Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.
Намалена видливост поради магла има од 50 м до 100 м на следниве патните правци Гостивар-Тетово-Скопје, Велес-Катланово, Струмица-Кочани-Штип и Сарамзалино.
-
Македонија 24.01.2025 08:36
Одбележување на Св. Сава – националниот празник на српската заедница во РС Македонија
По повод Св. Сава – националниот празник на српската заедница во РС Македонија, Министерството за односи меѓу заедниците организира настан на кој ќе присуствуваат и ученици од 1 до 5 одделение од ЦУ „Табановце“ со подрачните училишта од селата Четирце и Горно Коњаре.
-
Македонија 24.01.2025 08:16
Сончево со умерена облачност, по котлините магливо и постудено
Времето денеска по котлините во поголем дел од денот ќе биде магливо и постудено. Во останатите подрачја сончево со умерена облачност и претежно тивко.
-
Македонија 24.01.2025 07:54
Премиерот Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на патот Катланово – Градманци во Општина Петровец
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на патот Катланово-Градманци во Општина Петровец.
-
Македонија 23.01.2025 20:58
Кривична пријава за несовесно работење во службата
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и
-
Македонија 23.01.2025 20:40
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со гувернерката Ангеловска-Бежоска
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која ја информираше за економските состојби и очекувања, согласно макроекономските проекции на Народната банка.
-
Македонија 23.01.2025 20:30
Приведен криумчар на мигранти
Вчера во 18.15 часот на автопатот Табановце - Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода З.Д.(44) од Велес, кој бил затекнат како во патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки,










