На 22.01.2025 во 12 часот на улица „Питарница 6“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.Ф.(68) од Гостивар поради основи на сомнение дека на 21.01.2025 извршил кривично дело „кражба“, при што одзел повеќе предмети од објект во изградба во Гостивар.
-
Македонија 23.01.2025 18:51
-
Македонија 23.01.2025 18:01
Последиците од ТикТок предизвиците остануваат голема закана за младите
Потребна е поголема контрола од училиштата и од родителите за младите да не бидат жртви на ТикТок предизвиците. Советувалиштата може да бидат вистински чекор за справување со предизвикот од социјалните-мрежи кој може да биде фатален, препорачуваат психолозите.
-
Македонија 23.01.2025 17:45
Расте бројот на заболени од грип, вирусот најактивен во Кавадарци
За 34,1% повеќе новозаразени со грип во споредба со претходната недела. Заболените се пријавени во Скопје – 422, Кавадарци – 150, Куманово – 140.
Со зголемување на бројот на новозаболени се зголемува и бројот на хоспитализации.
-
Македонија 23.01.2025 17:04
Бројот на онколошки пациенти ќе се зголемува бидејќи скринингот не функционира во пракса, велат од Онкологија
Клиниката за онкологија може да обезбеди регистар на болни од канцер – неопходен на Фондот за здравство за планирање на буџетот за биолошка терапија. Но, тој ќе биде нефункционален, додека не се обезбеди оддел за континуирано ажурирање на податоците.
-
Македонија 23.01.2025 16:29
Економијата и развојот- врвен приоритет на Владата
Програмата за 2025 година е во функција на остварување стратешки приоритети, секој дизајниран да одговори на итните предизвици за обновување на довербата во институциите, ефикасната борба со криминалот и корупцијата, владеење на правото, вели портпаролката на Владата, Марија Митева.
-
Македонија 23.01.2025 16:05
Кривичен ја уважи амнестијата за случајот „Организатори на 27 април“
Основниот кривичен суд на барање на Обвинителството донесе одлука да ги амнестира поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, ексминистрите Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
-
Македонија 23.01.2025 15:44
Почина Емилија Николова-Христовска, раководителка на секторот за финансиско работење во МРТ
На 47-годишна возраст почина Емилија Николова-Христовска, раководителка на секторот за финансиско работење во Македонската радио-телевизија. Сопруга и мајка на две деца.
-
Македонија 23.01.2025 15:05
Како граѓаните го доживуваат Светското првенство во ракомет?
Ракометната еуфорија на највисоко ниво и во Битола, натпреварите се следат во домашни условни но и по сите ресторани и кафулиња.
-
Македонија 23.01.2025 14:43
Составена интерна комисија во прилепската болница за смртта со двете новороденчиња близначиња
Составена е интерна комисија во прилепската болница за смртта со двете новороденчиња близначиња. Детални информации од болницата најавија по извештајот на Комисијата.
-
Македонија 23.01.2025 14:39
Се предаде Гоце Трајковски сведокот за двојното убиство
Гоце Трајковски, еден од клучните сведоци во судскиот процес за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој беше во бегство и осомничен за палење кафуле, денеска сам се предал во полициска станица Кисела Вода, каде уште е на распит, потврдија од МВР. По него беше распишана потерница.










