Делницата која денес беше предадена за користење е од клучката Градско, до клучката Дреново. Директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски се заблагодари на сите кои учествувале во изградбата на патот, кој бил завршен до август лани во 80 отсто од работите.
-
Македонија 14.01.2025 14:55
-
Македонија 14.01.2025 14:42
Снегот ги интензивира повиците кон Итната помош
Снегот и лизгавите патишта ги интензивираа повиците кон Итната помош. Во последниве три дена, извршени се 254 интервенции на терен, а на околу 500 граѓани им било помогнато со совет преку телефон.
-
Македонија 14.01.2025 13:41
Прослава на Василица во Прилеп
Прилепчани денеска, на Василица ја бараат среќната паричка. Во центарот на градот беа поделени околу 600 парчиња бурек. Во еден и среќна паричка.
Од Прилеп известува Елизабета Митреска
-
Македонија 14.01.2025 13:31
Во Битола снегот расчистен, голем проблем се паркираните возила на несоодветни места
Два дена по паѓањето на снегот на Ургентното одделение во Клинички центар во Битола со скршеници се пријавиле 17 пациенти. Зимските служби велат дека подготвени го пречека снежниот бран и координирано го чистат градот, но голем проблем се паркираните возила на несоодветни места.
-
Македонија 14.01.2025 13:21
Јавната администрација бара повисоки плати
Протест на вработените во повеќе министерства и во Државниот завод за статистика. Бараат исплата на додатокот на плата од 30 проценти.
Марина Стојанова-Тонева известува.
-
Македонија 14.01.2025 13:18
Пуштена во употреба делницата Градско- Дреново, дел од експресниот пат Градско- Фариш
Пуштена во употреба делницата Градско-Дреново, која е дел од експресниот пат Градско-Фариш. Вредноста на проектот е над 37 милиони евра. Од Владата најавуваат забрзување на изградбата и на другите инфраструктурни проекти во земјава.
Известува Петар Печков
-
Македонија 14.01.2025 12:59
Укината забраната за камиони на Плетвар
Од 12 часот укината е забраната за движење тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар, информира АМСМ.
-
Македонија 14.01.2025 12:52
Загриженост поради содржината на договорот за ослободување израелски заложници
Израелската јавност е загрижена поради содржината на договорот дека во првата фаза ќе бидат ослободени само 33 заложници од вкупно 94, меѓу кои и младата Леви со македонско потекло.
-
Македонија 14.01.2025 12:23
Нови предистраги во Обвинителството
Битолското обвинителство истражува како се делеле тендери во ЕСМ и во РЕК Битола. Отворени се шест предистраги, се прибираат докази, а вклучени се и експерти од МВР, потврди државниот обвинител Коцевски.
-
Македонија 14.01.2025 11:51
ЈП Македонија пат: Да се остранат возилата на патот скијачки центар Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново
Сопственици на возила на патниот правец скијачки центар Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново да ги отстранат возилата поради непречена работа на екипите на ЈП Македонија пат, информираат од јавното претпријатие.









