Денес, на денот на Свети Василиј Велики – симболот на дарежливоста и хуманоста, Општина Ѓорче Петров, заедно со градоначалникот Александар Стојкоски, спроведе акција за доделување хуманитарни пакети на социјално загрозените лица и семејства.
-
Македонија 14.01.2025 18:01
-
Македонија 14.01.2025 16:57
Пронајдена дрога кај осуденик во затворот во Битола
Синоќа во 19.00 часот во Казнено – поправната установа Затвор Битола, при извршен претрес на осуденото лице Т.П.(35) од Битола, била пронајдена марихуана и таблета.
По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
-
Македонија 14.01.2025 16:36
Дел од јавната администрација на протест, бараат повисоки плати
Потпишување колективни договори и додаток на плати од 30 проценти – бараат вработените од шесте министерства за култура, животна средина, европски прашања, дигитална трансформација, транспорт и врски, економија, како и од Државниот завод за статистика и Државниот архив.
-
Македонија 14.01.2025 15:45
Пациенти со симптоми на грип ги полнат амбулантите
Болки во зглобовите и мускулите, покачена температура која трае со денови, кашлица-пациенти со симптоми на грип ги полнат амбулантите. Страдаат и возрасните и децата. Грипот лесно се пренесува. Лекарите велат, за разлика од настинките, грипот почнува одеднаш и може да трае по две недели.
-
Македонија 14.01.2025 14:55
Пуштена во употреба делницата Градско-Дреново
Делницата која денес беше предадена за користење е од клучката Градско, до клучката Дреново. Директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски се заблагодари на сите кои учествувале во изградбата на патот, кој бил завршен до август лани во 80 отсто од работите.
-
Македонија 14.01.2025 14:42
Снегот ги интензивира повиците кон Итната помош
Снегот и лизгавите патишта ги интензивираа повиците кон Итната помош. Во последниве три дена, извршени се 254 интервенции на терен, а на околу 500 граѓани им било помогнато со совет преку телефон.
-
Македонија 14.01.2025 13:41
Прослава на Василица во Прилеп
Прилепчани денеска, на Василица ја бараат среќната паричка. Во центарот на градот беа поделени околу 600 парчиња бурек. Во еден и среќна паричка.
Од Прилеп известува Елизабета Митреска
-
Македонија 14.01.2025 13:31
Во Битола снегот расчистен, голем проблем се паркираните возила на несоодветни места
Два дена по паѓањето на снегот на Ургентното одделение во Клинички центар во Битола со скршеници се пријавиле 17 пациенти. Зимските служби велат дека подготвени го пречека снежниот бран и координирано го чистат градот, но голем проблем се паркираните возила на несоодветни места.
-
Македонија 14.01.2025 13:21
Јавната администрација бара повисоки плати
Протест на вработените во повеќе министерства и во Државниот завод за статистика. Бараат исплата на додатокот на плата од 30 проценти.
Марина Стојанова-Тонева известува.
-
Македонија 14.01.2025 13:18
Пуштена во употреба делницата Градско- Дреново, дел од експресниот пат Градско- Фариш
Пуштена во употреба делницата Градско-Дреново, која е дел од експресниот пат Градско-Фариш. Вредноста на проектот е над 37 милиони евра. Од Владата најавуваат забрзување на изградбата и на другите инфраструктурни проекти во земјава.
Известува Петар Печков









