Оваа влада не работи за желбите на политичарите, туку исклучиво за интересите на граѓаните, рече владината портпаролка Марија Митева. Во минатото, вели таа имавме влада која немаше капацитет да води политички дијалози, а сега испраќа барања преку медиумите.
-
Македонија 03.12.2024 16:15
-
Македонија 03.12.2024 15:58
Денеска истекува тендерот за набавка на нафта за ЈСП
Се трошат последните литри нафта за градските автобуси на „ЈСП“ позајмени од стоковите резерви. Од менаџментот не откриваат детали за исходот од тендерот за набавка на гориво. Директорот на ЈСП Драги Кушовски за МТВ рече дека процедурата сè уште трае.
-
Македонија 03.12.2024 15:54
Ефтимов: Оставката на Дамева од претседателската позиција во Судскиот совет е политички фолклор
Оставката на Дамева од претседателската позиција во Судскиот совет е политички фолклор, смета државниот секретар во ресорот правда Ефтимов. Според него, Советот покажал дека не е независно тело и работи под политички диктат па затоа е неопходно да се реформира.
-
Македонија 03.12.2024 15:30
Нова сензорна соба во ООУ „Рајко Жинзифов“ во Кисела Вода
На Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби Oпштина Кисела Вода продолжува со посветените активности за создавање општество на еднакви можности.
-
Македонија 03.12.2024 15:04
Во децата со попреченост има потенцијал
Пред 26 години Лепа била во шок кога дознала дека нејзиниот син Стефан е со Даунов синдром. Вели, брзо морале да си дојдат на себе. Таа морала да остане дома да се грижи за кревкото здравје на Стефан.
-
Македонија 03.12.2024 14:36
Јавниот обвинител презема мерки за поефикасна борба против корупцијата и реорганизација на обвинителството
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија со исклучителна сериозност ги зема апелите од извршната власт и од јавноста воопшто за зголемување на активноста на сите истражни органи, а особено на Јавното обвинителство во борбата против корупцијата.
-
Македонија 03.12.2024 13:34
Се чека фирма за набавка на нафта за ЈСП
Автобусите ги трошат последните резерви од позајмената нафта со владината одлука. Денеска е последниот рок од тендерот за набавка на гориво од страна на ЈСП. Бирото за јавни набавки го поништи претходниот тендер на ЈСП за нафта поради неприфатлива понуда.
-
Македонија 03.12.2024 13:30
Состанок на министрите за надворешни во НАТО, помошта за Украина во фокус
Министерот за надворешни работи Муцунски на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на НАТО, во седиштето на Алијансата во Брисел. Во фокусот актуелните безбедносни предизвици на НАТО, како и актуелните состојби со руската агресија врз Украина.
-
Македонија 03.12.2024 13:23
Дамева поднесе оставка, наследник не е избран
По оставката на Дамева, Судскиот совет не избра наследник – ќе чека доекипирање. Во меѓувреме, трета јавната дебата за реформи во ова судско тело – овој пат експерти, професори, правници седнаа на заедничка маса во штипска Апелација.
-
Македонија 03.12.2024 13:18
СДСМ побара Мицкоски да свика лидерска средба
По последните инциденти, СДСМ побара Мицкоски да свика лидерска средба. Владата има капацитет за политички дијалог. Барањето за лидерска не се испраќа преку медиумите, одговорија од Илинденска.Миле А. Ристески известува.










