Премиерот Мицкоски е во дводневна посета на Србија. Почнува меѓународниот саем „Винска визија на Отворен Балкан“. Шефот на владата ќе има средби со српскиот колега Вучевиќ и со претседателот Вучиќ.
-
Македонија 22.11.2024 13:21
-
Македонија 22.11.2024 13:15
Се нормализира автобускиот превоз во Скопје, владата обезбеди нафта за ЈСП
Автобусите на ЈСП се вратија на скопските улици. Откако добија нафта од државните резерви, јавниот превоз постепено се нормализира, иако приватните превозници сè уште возат редуцирано. Каква е ситуацијата на терен, дали има зголемена фреквенција на возилата на ЈСП?
-
Македонија 22.11.2024 13:14
Претседателката на средба со Шекеринска
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска имаше средба со Радмила Шекеринска, по нејзиното назначување за заменик-генерална секретарка на НАТО.
-
Македонија 22.11.2024 12:25
И Сојузот на средношколци на протест против недостигот на јавен превоз
Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија се приклучува на денешниот против недостигот на јавен превоз во Скопје.
Протестот ќе започне 14 часот пред старата пошта во Скопје, по што учесниците ќе се упатат кон Град Скопје, каде што протестот ќе продолжи од 14:30 часот.
-
Македонија 22.11.2024 12:15
Поголема соработка за ефикасна борба со корупцијата
Никој не може сам да се справи со корупцијата, како сојузници во НАТО очекуваме поефикасна борба со оваа појава, ја имате американската поддршка-повикаа претставниците на САД.
-
Македонија 22.11.2024 12:10
Андоновски: Околу 6.000 поднесени барања за дигитални услуги месецов преку новата апликација за оружје
Министерот Андоновски во денешното гостување во утринската програма на јавниот сервис, нагласи дека новата апликација за дозвола за оружје којашто на граѓаните им е достапна на националниот портал за услуги е резултат на борбата против корупцијата која е во фокус и добрата соработка со Министерст
-
Македонија 22.11.2024 11:48
Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи
Македонските граѓани ќе може да патуваат во Кина без визи. Кинеското МНР денеска соопшти дека ја проширува политиката на безвизен режим за уште девет земји, меѓу кои и Северна Македонија.
-
Македонија 22.11.2024 11:43
Неопходни се системски реформи и построги казни за злосторства против девојчиња и жени
Платформата за родова еднаквост разочарана од пресудата на Кривичниот суд во Скопје во случајот против велешаните осудени за полов напад, силување и производство и дистрибуција на детска порнографија. Оттаму сметаат дека пресудата не ја рефлектира тежината на извршените дела.
-
Македонија 22.11.2024 11:27
ИВЗ и ДУИ се противат на трансформацијата на Јени џамија во музеј
Исламската верска заедница се пожали дека не била консултирана Јени џамија да се трансформира во Музеј на христијанското и муслиманското културно наследство.
-
Македонија 22.11.2024 10:39
Мицкоски: Денот на албанската азбука е потсетник за тоа како писменоста и образованието можат да бидат мостови меѓу луѓето
„Денот на албанската азбука е потсетник за тоа како писменоста и образованието можат да бидат мостови меѓу луѓето. Не темите кои не разделуваат, не политичките барања на поединци кои многу години претходно се криеја позади народот кого го крадеа.










