Да се подигне јавната свест, но и зголемат контролите од страна на полицијата. Вака сметаат професорите од сообраќајната струка во Струмица, откако се зголемија реакциите за сообраќајниот хаос во градот.
-
Македонија 24.11.2024 13:42
-
Македонија 24.11.2024 11:36
Јавна заложба на Мисијата на ОБСЕ за борба против насилството врз младите жени и девојки
Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска одржува централен настан „Насилство врз младите жени и девојки: сексуално вознемирување, демнење и контролирачко однесување“, во рамки на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство.
-
Македонија 24.11.2024 10:49
Мицкоски на отворање нова училишна сала во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отворање на нова училишна сала во ООУ „Наум Охридски“ во населеното место Булачани во Општина Гази Баба. -
Македонија 24.11.2024 09:20
СДСМ на Конгрес ќе бира ново партиско раководство
СДСМ денеска на партиски конгрес во „Александар Палас“ во Скопје ќе избира ново раководството. Ќе се бираат нови членови на Централниот одбор, највисокиот орган во партијата.
-
Македонија 24.11.2024 08:41
Ведро и студено со северен ветер
Времето денеска изутрина ќе биде ведро и многу студено, а преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-11 до-2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени Целзиусови.
-
Македонија 23.11.2024 18:39
Жените да се охрабрат за челни позиции во спортот
Јована Максимовска е млада и амбициозна фудбалерка која штотуку ја стартува својата кариера како судијка. Свирчето го означува почетокот не само за младата женска екипа, туку често суди и на момчиња. Иста игра, но различна перцепција. Момчињата гледаат со предрасуди кон нејзиниот суд на правда.
-
Македонија 23.11.2024 17:08
Зголемен бројот на заболени од сезонски грип во Куманово
Зголемен е бројот на заболени од грип, покажуваат податоците на кумановскиот центар за јавно здравје. Од почетокот на октомври регистрирани се над 80 случаи. Повеќето од заболените се на возраст од 15 до 64 години.
-
Македонија 23.11.2024 15:30
Приватните превозници ќе се вклучат во јавниот градски превоз со намален капацитет
Приватните превозници ќе се вклучат во јавниот градски превоз од понеделник, но не со полн капацитет. Нивни претставници изјавија дека во сообраќај ќе учествуваат само фирмите со финансиска можност.
-
Македонија 23.11.2024 14:14
Приведен криумчар, пронајдени седум мигранти
На 22.11.2024 околу 20 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија-Куманово и Мобилната единица за компензаторни мерки го лишиле од слобода Ф.Ш.(26) од Косово, затоа што при извршен преглед на пат
-
Македонија 23.11.2024 13:00
Пошумување на опожарените површини во Малешевијата
Во Малешевијата во тек е третата сезона на пошумување на површините опожарени во 2021-ва година. Над 300 илјади садници бел, црн бор, даб, багрем и питом костен се садат на 150 хектари, а поголем дел ќе се пошумува со засејување.










