Појава на одрони утрово се регистрирани на патот Делчево – Македонска Каменица во близина на с. Очипала. Од подружницата на Македонија Пат информираа дека одроните редовни се чистат и апелираа внимателно движење долж овој патен правец кој е дел од магистралата А3.
-
Македонија 14.11.2024 10:39
-
Македонија 14.11.2024 10:30
Експлозија во Ќерамидница, еден повреден пренесен во болница
Едно лице е повредено откако во двор од куќа во скопската населба Ќерамидница била фрлена експлозивна направа, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Експлозијата, додаваат од МВР, се случила утринава во 9:20 часот.
-
Македонија 14.11.2024 09:52
Приведен криумчар на мигранти
На 13.11.2024 во 16.15 часот во близина на село Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода У.Х.(61) од Косово.
-
Македонија 14.11.2024 09:20
Светски ден за борба против дијабетес
Денеска е Светскиот ден за борба против дијабетот. Здруженијата бараат имплементација на декларацијата за дијабетес до 2030 година, донесена од СЗО и постигнување на глобалните цели за поквалитетна грижа на пациентите.
-
Македонија 14.11.2024 08:47
Министерот Муртезани оствари средба со директорката на CEF, Рапаншек
Министерот Орхан Муртезани вчера оствари средба со директорката на CEF (Center of Exellence) од Словенија, Јана Рапаншек. На средбата разговараа за важноста на јакнење на регионалната соработка и меѓусебна поврзаност со компатибилни регионални проекти.
-
Македонија 14.11.2024 08:36
Панел дебата „Регионална соработка и европска интеграција – Агендата на ЕУ за Западен Балкан“.
Во Тренинг центарот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска ќе биде одржана панел-дискусија на тема „Регионална соработка и европска интеграција – Агендата на ЕУ за Западен Балкан“.
-
Македонија 14.11.2024 08:31
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез.
-
Македонија 14.11.2024 08:17
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска претежно облачно, уште од ноќта со слаб дожд, а потоа преку денот со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 л/м2), а на планините со повремен снег.
-
Македонија 14.11.2024 08:09
И по бербата нема одмор за овоштарите
Овоштари да ги искористат овие месеци за есенските и зимски заштитни активности, порачуваат експертите.
Пожелно е физички да се отстранат гнездата во кои презимуваат инсектите или јајцата на штетниците.
-
Македонија 13.11.2024 21:12
Жерновски демантира дека е амбасадор на „диво“
Амбасадорот во Романија, Андреј Жерновски, демантира дека не ги предал акредитивите за амбасадор во Букурешт, и најави тужби за клевета.










