Поради вдишување на чад од пожарот во Чаир на клиниката „Мајка Тереза“ за укажување помош се јавиле неколку лица, од кои еден пожарникар и еден полициски службеник, информираат од Министерството за внатрешни работи.
-
Македонија 02.10.2024 12:04
-
Македонија 02.10.2024 11:59
Приведена прилепчанка поради извршена кражба
На 01.10.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода Е.М.(42) од Прилеп поради сомнение дека од домот на И.М.(74) од Неготино одзела пари, соопштија од МВР.
Е.М. била приведена во полициска станица, а парите биле пронајдени и вратени на сопственикот.
-
Македонија 02.10.2024 11:41
Николовски: Вложуваме во модернизација на премините и зајакнување на контролите
Вложувањето во инфраструктурата на граничните премини, зајакнувањето на надзорот преку воведување интелигентен систем за видеонадзор и препознавање на регистарските таблички, како и проектот за автоматизација на терминалите што треба да се имплементира во наредниот период, очекуваме значително да
-
Македонија 02.10.2024 10:39
Амбулантите полни, бројките на болни деца растат
Температурите надвор паѓаат, бројките на болни деца растат, велат од детската клиника „Козле“. Атипични предизвикувачи на пневмонии го влошуваат здравјето на децата, неопходно е болничко лекување. Таргет група-учениците од 6 до 12 години.
-
Македонија 02.10.2024 10:27
МВР: Приведени криумчари на мигранти
Вчера во 19.40 часот во с. Табановце, кумановско, на крстосница кон с. Лојане, липковско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Б.Р.(41) од с.
-
Македонија 02.10.2024 10:26
Пожар во повеќекатница во Чаир
Гори станбена зграда во скопската општина Чаир. Огнот според првичните информации почнал да се шири од подрумските простории на зградата. Како што пренесуваат повеќе медиуми, евакуирани се над сто лица, а има и неколку повредени.
-
Македонија 02.10.2024 10:03
Муртезани ја потпиша Спогодбата за финансирање на ИПА 2024 Годишната акциска програма
Министерот за европски прашања и Национален ИПА координатор, Орхан Муртезани, утрово ја потпиша Спогодбата за финансирање на ИПА 2024 Годишната акциска програма помеѓу Европската комисија и Владата на Република Северна Македонија.
-
Македонија 02.10.2024 09:47
МНР го осуди иранскиот ракетен напад врз Израел и терористичкиот напад во Тел Авив
Македонското МНР го осуди го осуди ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во Тел Авив, при што беа убиени шест цивили.
-
Македонија 02.10.2024 09:37
Обвинение за несовесно работење против градоначалникот на Струга
Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против службено лице – градоначалник на Општина Струга за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 02.10.2024 09:20
Претседателот Иванов и Бан Ки-мун ја отворија јубилејната 15-та Школа за млади лидери
Вчера започна јубилејната 15-та Школа за млади лидери на претседателот Иванов која што ќе се одржува во следните две недели. Во периодот од 1-13 октомври 2024 година школата ќе се одвива комбинирано, онлајн и во Охрид.










