Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска имаат планирано две интервенции во водоводната мрежа.
-
Македонија 02.10.2024 09:02
-
Македонија 02.10.2024 08:48
Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите
Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.
Единствена точка на дневен ред е Предлог-одлука за одржување јавна расправа на тема: „Родова еднаквост на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд“.
-
Македонија 02.10.2024 08:46
Меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2024“
Во Струга од денеска до 4-ти октомври ќе се одржува Меѓународната конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2024“, чија цел е споделување и размена на искуства и планови од областа на енергетиката на регионално и глобално ниво.
-
Македонија 02.10.2024 08:41
Седница на Уставен суд
Уставниот суд денеска ќе ја одржи 26-тата седница.
На дневен ред се четири иницијативи за оценување на уставност и законитост, шест предлози за одлучување по нацрт-одлуки и седум нацрт-решенија.
-
Македонија 02.10.2024 08:33
Во Собранието денеска 16-та седница
Во Собранието денеска треба да започне 16. седница на која на дневен ред има повеќе одлуки и закони. На предложениот дневен ред се и одлуките за усогласување на составот на Државната изборна комисија (ДИК), како и за избор на нови членови на Комисијата.
-
Македонија 02.10.2024 08:32
Сообраќајот се одвива по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат утрово од АМСМ.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 02.10.2024 08:05
Наутро студено, преку ден сончево до 25 степени
Времето денеска ќе биде студено во текот на утрото, а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната од 19 до 25 степени.
-
Македонија 01.10.2024 21:19
Сиљановска Давкова се обрати на свеченото отворање на Интернационалниот фестивал на детски театри
Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека несомнено станува збор за фестивал кој иако е стар само три години, веќе стекна заслужен углед, не само дома, туку и пошироко, како квалитетна и оригинална културна манифестација.
-
Македонија 01.10.2024 20:55
Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва.
-
Македонија 01.10.2024 20:22
Дигитални вештини во трета доба
Македонија старее, иселувањето на младите носи нов предизвик и за возрасните кои остануваат овде. Како да се слушнат и видат на камера? Како да си ги платат сметките по телефон? Македонските пензионери имаат уреди ама не знаат да ги користат.










