Добивме влада од која досега слушаме само изговори и обвинувања на претходниците за секоја своја неспособност.
-
Македонија 01.10.2024 14:51
-
Македонија 01.10.2024 14:44
Бактерија во бомбиците причина за труењето на 140 деца во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје
Бактеријата стафилокока е причината за труењето на 140 деца од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“. Од земените примероци храна, била пронајдена во десертот, бомбици кои учениците ги добиле откако јаделе мусака.
-
Македонија 01.10.2024 14:08
Продолжи судскиот процес против Мерко за незаконското поставување директори
Продолжи судскиот процес против градоначалникот Рамис Мерко за незаконско поставување на директори во училиштата. Исказ даваше секретарката на основното училиште од Велешта, која кажа дека трпела мобинг од директорката.
-
Македонија 01.10.2024 14:05
Почна академската година на Универзитетот „Гоце Делчев“
Ова се идните градители на нашата земја и ние како универзитет ќе им овозможиме квалитетно образование со надеж дека своите кариери ќе ги градат овде. Ова е пораката на ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ на свечениот прв академски час за новите студенти.
-
Македонија 01.10.2024 13:34
Почна новата академска година
Почна нова академска година, но со помал број бруцоши. Најголем интерес за студирање има на природно-техничките факултети, но и на најбараниот факултет-ФИНКИ има над 300 студенти помалку од лани.
Професорите им посакаа успех на студентите и ветија подобри услови за студирање.
-
Македонија 01.10.2024 12:45
Премиерот Мицкоски со отчет за сработеното во првите 100 дена од мандатот
Сто дена од работата на Владата. Премиерот Мицкоски денеска ги презентира резултатите од досегашната работа под слоганот „100 проценти посветени, за тебе!“, Мицкоски ги прикажа постигнувањата, проектите и мерките.
-
Македонија 01.10.2024 12:00
Филков: Фемида системот за аудио и видеоснимање на судските расправи ќе се применува насекаде
Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање во Управниот суд посочи дека воведувањето на тонското и видеоснимање започнало уште во 2010 година, со Законот за парнична постапка и Законот за кривичната постапка.
-
Македонија 01.10.2024 11:55
Од четврток дожд, грмежи и ветер
Во среда ќе се задржи стабилно и сончево време со студенo утрo, а во четврток попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд, соопшти УХМР.
-
Македонија 01.10.2024 11:38
МОН: Објавени се конкурсите за ученички стипендии
Министерството за образование и наука информира дека објавени се конкурсите за доделување на стипендии за средношколци за учебната 2024-2025 година. Крајниот рок за аплицирање е 15 октомври 2024 година.
-
Македонија 01.10.2024 11:37
Средба на министерот Муртезани со амбасадорот Вал
Денес, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, имаше средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, на која беше реафирмирана заедничката заложба за напредок на тековната реформска агенда на Северна Македонија.









