Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов соопшти дека пристигната е меѓународна помош обезбедена преку ЕУ механизмот на цивилна заштита.
-Пристигнати се еден хеликоптер од Србија и еден хеликоптер од Чешка, вели Ангелов.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов соопшти дека пристигната е меѓународна помош обезбедена преку ЕУ механизмот на цивилна заштита.
-Пристигнати се еден хеликоптер од Србија и еден хеликоптер од Чешка, вели Ангелов.
Денеска во мултиетничко Конче, с. Лубница се одржа манифестацијата „Од зрно до погача“ на која се презентираа мултиетничките традиции, обичаи, здравата храна и соживотот на македонското и турското население кое што таму живее.
Сите патишта водат кон Крушево. Почнаа чествувањата, се одбележува 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република. Традиционално поддржувачите на традициите се пречекуваат со леб и сол, а дали пристигнаа и коњаниците и пешадијата од цела Македонија.
Црвен крст на Република Северна Македонија соопшти дека отвориле жиро-сметка и телефонски броеви на Македонски Телеком и А1 за донации за настраданото население од пожарите, како и СОС телефонски линии за психолошка прва помош (ППП).
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување според член 186 од Кривичниот законик.
Царинската управа во јули наплатила вкупни приходи од 11,9 милијарди денари, односно 195 милиони евра, што е за 16,6 отсто повисок износ во споредба со истиот период во 2023 година.
На 31.07.2024 полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода М.Ј.(31) од Свети Николе затоа што на 31.07.2024 околу 13.30 часот кај место викано „Крушки“ во атар на Свети Николе предизвикал пожар во руинирана куќа, кој се проширил на сувата трева околу куќата.
Со почит за загинатите востаници и дејци и развивањето на бајракот и огласувањето на црешовото топче вечерва во Крушево и официјално почнуваат свеченостите за 121 година од првиот Илинден и Крушевската Република.
„При влез во селото најкритично беше, повеќе не е. Нискостеблеста шума гореше“, вели Борче Огненовски.
Полицијата поднесе кривична пријава против И.Б. (29) од Велес, поради разбојничка кражба.
„На 15.07.2024, пријавениот во куќата на неговата 74-годишна баба од Велес, со употреба на сила и одзел предмет и истиот го продал“, објави МВР во дневниот билтен.