Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат.
-
Македонија 02.02.2026 08:18
-
Македонија 02.02.2026 08:07
Променливо облачно, можни слаби врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаби врнежи од дожд и снег во крајните западни делови, каде ќе дува слаб ветер од променлив правец, а во источните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
-
Македонија 01.02.2026 18:57
Над 2.600 апликации на годишните конкурси
На конкурсите за проекти од културата пристигнале 2.618 пријави. Зголемени се средствата во повеќе дејности, а најмногу во областите што носат културна вредност и значаен економски потенцијал.
-
Македонија 01.02.2026 18:36
Изградба на првата фаза од булеварот „Македонија“
Почна првата од четирите фази на проширување и реконструкција на улиците за влез во подземната сообраќајница под станбениот објект „Лимак“, во центарот на Скопје.
-
Македонија 01.02.2026 17:59
„Безбеден град“ во функција
Почна да функционира системот „Безбеден град“, на територијата на градовите Скопје, Тетово и Куманово и на коридорите 8 и 10.
-
Македонија 01.02.2026 17:35
Казнети 10 лица– гореле отпад за да добијат бакар
Вкупно десет лица се казнети во Струмица овие денови кои го загадувале воздухот со палење на отпад на отворено. Вака информираа општинските власти после координираната акција со струмичката полиција.
-
Македонија 01.02.2026 16:29
Финишира изградбата на топловодната мрежа во Битола
По децении зависност од индивидуални начини на греење и сериозен проблем со загадувањето на воздухот, Битола е на чекор до добивање на современ систем за централно греење-топловодот од РЕК до градот.
-
Македонија 01.02.2026 15:42
Празнична еуфорија, па постпразнична депресија
По празничната еуфорија, следува постпразнична тага. Завршувањето на периодот исполнет со празнични дружби, блискост и возбуда, може да предизвика пад на расположението, активностите, чувство на замор, намалена мотивација, празнина.
-
Македонија 01.02.2026 13:51
Децата со атипичен развој на маргините, апел за законски измени
Се множи бројот на деца со аутизам и со интелектуални попречености. Билјана Стефановска, член на Здружение на деца и млади со посебни потреби и нивните родители, вели дека многу семејства се исправени пред бројни предизвици за поголеми права за третман на нивните деца.
-
Македонија 01.02.2026 13:23
Семејното насилство ќе се гони по службена должност
МВР лани интервенирало во над 1.200 пријави за семејно насилство. Во невладината ЕХО помош побарале 204 жртви, бројка двојно поголема од годините пред ковид пандемијата. Во некои семејства насилствата траат со години.










