Почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“ е целосно успешен, а бројот на прекршоци и казни е драстично намален, информираат од Министерството за внатрешни работи.
-
Македонија 02.02.2026 18:57
-
Македонија 02.02.2026 18:35
Законот за високо образование поставен на ЕНЕР
Законот за високо образование поставен на ЕНЕР на увид на јавноста и цел месец расправа по него.
-
Македонија 02.02.2026 17:58
Тројца сведоци раскажаа за кобната ноќ во „Пулс“
Да се запре судењето за дел од обвинетите кои не се директно поврзани со пожарот во кочанската дискотека, побара адвокатот Петре Шилегов откако обвинителството го запре кривичниот прогон за седуммина полицајци за кои истрагата покажала дека немаат ингеренции да ги контролираат безбедносните мерки
-
Македонија 02.02.2026 17:47
Сиљановска-Давкова: Во науката нема мали и големи држави, туку мали и големи идеи
Промената во светот бара промена во образованието и гледање на реалноста низ очите на новите генерации, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Светскиот самит на лауреати, што денеска се одржува во Дубаи, во пресрет на Светскиот самит на владите.
-
Македонија 02.02.2026 17:37
Почна пријавувањето штети од поплавите во Општина Струмица
Од денеска оштетените од минатонеделните поплави може да ги пријават штетите во Општина Струмица, по што Комисијата за проценка на штети ќе излезе на терен. Жителите кои имаат штети, мора да приложат документ за сопственост на објектот или површината што е поплавена, велат од Комисијата.
-
Македонија 02.02.2026 17:22
Конституиран Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот
Борбата против корупцијата не е слоган туку цврста определба, порача премиерот Христијан Мицкоски на конституирањето на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот. За него овој процес подразбира јакнење и на судството и обвинителствата кадровски и институционално.
-
Македонија 02.02.2026 17:13
Алиу ја доби оставката на Кедев
Министерот за здравство Азир Алиу му се заблагодари за стручниот придонес во здравствениот совет на кардиологот Сашко Кедев, без да прецизира што мисли за неговото повлекување. Засега средба меѓу Алиу и Кедев не се одржала.
-
Македонија 02.02.2026 17:01
Македонија во најновите досиеја на Епстин
„На Медицинскиот факултет имаше Етички комитет којшто даваше дозвола да се врши транспорт на мозоци за научни цели“, објаснува професорот Алексеј Дума, поранешен прв човек на Институтот за судска медицина. „Мораше сериозно образложение да се напише за ткивото да се прати.“
-
Македонија 02.02.2026 16:41
Обилните дождови ги срушија старите куќи во Битола, потребни се законски измени
Јануарските обилни дождови како и негрижата на сопственици придонесоа куќи во централното подрачје на Битола да се срушат како кули од карти. Едната од нив е споменик на културата.
Уште десетици куќи заштитени со закон се осудени на пропаст. Се бара преземање на брзи мерки.
-
Македонија 02.02.2026 16:25
Трајков: Владата е силно посветена кон борбата против корупцијата
Заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков денеска одржа состанок со експерти од оценската мисија за борба против организираниот криминал и корупцијата, кој се спроведува со претставници на надлежните институции од Македонија и високи европски претставници.









