Таму каде што е испишана историјата на македонската држава пред 82 години. Во манастирот „Прохор Пчински“ владина делегација положи венец пред обележјето и спомен плочата на Првото заседание на АСНОМ.
-
Македонија 02.08.2026 17:49
-
Македонија 02.08.2026 17:21
Сиљановска-Давкова: Никој нема право да ја ревидира македонската историја
Никој нема право да ја ревидира нашата историја, бидејќи слободата не ни е подарена, туку сами сме се избориле за држава – порача Претседателката Сиљановска – Давкова во празничното обраќање пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто.
-
Македонија 02.08.2026 16:54
Мицкоски од Пелинце: Нема да направам предавство на штета на државата по ниедна цена
Предавство на штета на државата нема да направам по ниедна цена – премиерот Мицкоски со празнична порака од Пелинце. Повтори дека оваа Влада нема да оди по стапките на претходната и нема да се прават компромиси со националните интереси.
-
Македонија 02.08.2026 16:29
Милошоски од Мечкин Камен: Демографијата е нашата нова борба
Нашето востание не се пушката и црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитуваат поколенија. Демографијата е нашата нова борба за Македонија, порача потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски од Мечкин Камен.
-
Македонија 02.08.2026 15:46
Уапсен велешанец, предизвикал пожар кај Башино Село
Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Б. (54) од Велес, поради сомнение дека предизвикал пожар во близина на Башино Село.
-
Македонија 02.08.2026 15:21
Претрес во Куманово: Пронајдена марихуана, уапсен 42-годишник
Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода М.М. (42) од селото Биљановце, кумановско, по претрес во неговиот дом при кој биле пронајдени дрога и предмети поврзани со нејзина употреба.
-
Македонија 02.08.2026 14:26
82 години од првото заседание на АСНОМ
Владина и црковна делегација присуствуваше на одбележувањето на Денот на републиката и во манастирот „Свети Прохор Пчински“, каде што е одржано првото заседание на АСНОМ.
-
Македонија 02.08.2026 14:05
Сиљановска-Давкова: Илинден, најсветол македонски ден
Претседателката Сиљановска-Давкова и бројни делегации положија цвеќиња пред спомениците на Никола Карев, во Жена-борец и пред споменикот на Методија Андонов-Ченто.
„Илинден нѐ учи дека републиката не се наследува, туку се изборува и се заслужува“, рече шефицата на државата.
-
Македонија 02.08.2026 13:45
Мицкоски: Обединување на државните интереси, не поделби
Во Пелинце одбележан еден од најзначајните државни празници-Илинден, со кој се оддава почит на историските настани и на борбата за слобода и државност на Македонија.
На свеченоста говореше премиерот Мицкоски. Повика на обединување за државните интереси, а не на поделби.
-
Македонија 02.08.2026 13:08
Состојбата во Гостивар е стабилна, продолжува хиперхлорирањето на системот
Експерти од Јавното претпријатие „Водовод“ од Скопје продолжуваат со хиперхлорирање на системот. Гостиварци многу скоро би можеле повторно да добијат безбедна вода за пиење.









