Во Собранието денеска продолжува работата на повеќе комисии, кои ќе разгледуваат предлог-закони од областа на медиумите, социјалната политика, пензиското осигурување, земјоделството и други области.
-
Македонија 04.11.2026 09:47
-
Македонија 04.11.2026 09:20
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 04.11.2026 08:55
Европската комисија денеска го претставува Пакетот за проширување за 2026 година
Европската комисија денеска ќе го објави годишниот извештај за напредокот на десетте земји-кандидати за членство во Европската унија. Документот ќе ги оцени реформите во владеењето на правото, демократијата и економијата, а ќе ги содржи и препораките за натамошниот процес на пристапување.
-
Македонија 04.11.2026 08:06
Стабилно и суво со променлива облачност
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
-
Македонија 03.11.2026 19:53
Нов случај на морбили - расте опасноста од ширење на заразата
Едно и полгодишно дете од Скопје е заразено од морбили. Не било вакцинирано, а се инфицирало во земјава. Ова е нов, петти случај. Првичните информации укажуваат дека вчерашните случаи и бебето од Косово се епидемиолошки поврзани. Имале контакт во болница.
-
Македонија 03.11.2026 19:37
Догодина нови лекови на позитивната листа, најави Клековски
Онколошките пациенти со надеж дека новиот закон за лекови ќе ги реши досегашните проблеми, да ја добиваат терапијата во континуитет. Задолжително ќе биде раното известување за можен недостиг, планот за спречување на прекин на терапијата, институционалната одговорност кога лекот не е достапен.
-
Македонија 03.11.2026 19:04
Проектот за реновирање на „Пулс“ не бил ревидиран и одобрен
Спорна е констатацијата дека дискотеката „Пулс“ ги исполнувала условите, што е во суштинска противречност со фактичката и правна состојба реагира обвинителството на сведочењето на градежниот вештак предложен од Дејан Јованов-Деко.
-
Македонија 03.11.2026 18:23
Мора да има комуникација меѓу институциите, но не и интервенции во конкретни предмети, нагласи Хаџи Василева
Притисоците се дел од обвинителската професија, но отпорноста и личниот интегритет се клучни за независно работење, порача новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Искра Хаџи Василева.
-
Македонија 03.11.2026 18:02
Случајот со Алта банка предизвика нови обвинувања меѓу партиите
Преку притисок кон НБРМ и Алта банка, СДСМ создава терен бизнисмен близок до партијата и Филипче да ја купи банката за ниска цена. Тоа што со месеци го правеа не беше поради некаков српски свет, туку поради бизнис интереси на Филипче и неговиот ментор Заев, велат во владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 03.11.2026 17:24
Полициски претреси во Штип и Скопје - ИТ раководител од УГД осомничен за менување оценки за пари
Претреси на полицијата на повеќе локации во Штип и во Скопје, во рамките на истрагата против раководител на информатичкиот сектор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Осомничен е за злоупотреба на службената положба и компјутерски криминал.










