Се вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје, во рамки на истрага против раководител на информатичкиот сектор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, осомничен за злоупотреба на службената положба и компјутерски криминал, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
-
Македонија 03.11.2026 10:45
-
Македонија 03.11.2026 10:29
Потврдени четири случаи со мали сипаници
Откако во земјава лабораториски беа потврдени четири случаи со мали сипаници, здравствените власти проверуваат дали има поврзаност меѓу заразените.
-
Македонија 03.11.2026 10:02
Претседателката Сиљановска-Давкова во Брисел на Самит за проширување на ЕУ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на Самитот за проширување на Европската Унија 2026, во организација на „Euronews“, на кој ќе присуствуваат високи европски и регионални политички претставници.
-
Македонија 03.11.2026 09:36
Ревизија: Само девет од 62 локомотиви на Железници Транспорт се во функција, акумулираната загуба над 109 милиони евра
Со ревизијата на финансиските извештаи и усогласеноста на работењето на ЖРСМ Транспорт се утврдени слабости во управувањето со средствата, возниот парк, имотот, залихите, трошоците и приходите на друштвото.
-
Македонија 03.11.2026 08:56
Министерот Мисајловски ќе ги соопшти плановите за повисоки плати во одбраната
Платите на припадниците на Армијата и вработените во одбраната ќе бидат тема на денешната прес-конференција на министерот за одбрана Владо Мисајловски.
-
Македонија 03.11.2026 08:33
Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 03.11.2026 08:22
Во Собранието средношколци и пратеници ќе дебатираат за дезинформациите и вештачката интелигенција
Средношколци и пратеници денеска во Собранието ќе дебатираат за начинот на кој младите се информираат, влијанието на социјалните мрежи и инфлуенсерите врз нивното мислење, како и за препознавањето на дезинформациите и содржините создадени со вештачка интелигенција.
-
Македонија 03.11.2026 08:11
Облачно со повремени врнежи од дожд
Облачно со повремени врнежи од дожд кои кон крајот на денот ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Утринските температури ќе се движат од 3 до 10 степени, додека дневните ќе достигнат од 6 до 14 степени.
-
Македонија 02.11.2026 20:32
Родителите на лицата со попреченост бараат системска поддршка
Мали групни домови, самостојно живеење и поддршка, бараат родителите и старателите на лицата со попреченост. Во Куманово функционираат два дневни центри, но семејствата, особено оние каде што двајцата се вработени, се оставени сами да се справуваат со предизвиците.
-
Македонија 02.11.2026 19:31
Повторно почна судењето за „Онкологија 2“
Поради промена на судија член на Судскиот совет, судењето за „Онкологија 2“, кое се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовесно работење и финансиски криминал почна од почеток.










