Утрово во 01:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(30) од село Романовце, кумановско. Тој е затекнат во куќа во село Романовце, сопственост на Х.Ш., при обид да одземе предмети, информираат од МВР.
-
Македонија 09.01.2026 20:00
-
Македонија 09.01.2026 19:49
Набавени компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Кисела Вода
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес.
-
Македонија 09.01.2026 18:53
Лишени од слобода двајца малолетници од Скопје - не застанале на полициска патрола, со мотоцикл удриле полициски службеник
На 09.01.2026 во 00:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода и приведоа двајца 16-годишници од Скопје.
-
Македонија 09.01.2026 18:37
Голем број пријави за насилство за време на празниците
Додека едни се веселеле и уживале други биле вознемирувани и напаѓани. Само во главниот град за време на новогодишните и божиќните празници биле констатирани нарушувања на јавниот ред и мир, во 12 случаи се работело за физички напад на лице, во 11 други за тепачки - велат од МВР.
-
Македонија 09.01.2026 18:05
Надлежните ги санираат штетите од поплавите
Во Желино, се излеа Вардар. Над селото Стримница речното корито е претесно за да ја прифати надојдената вода. Преку земјоделските површини влезе во дворовите и подрумските простории на 20-тина куќи.
-
Македонија 09.01.2026 17:48
Сериозни штети по поплавите во охридскиот и струшкиот регион
Седумдесет и тригодишната Тодорка Јанковска вели дека не памети ваков Божиќ. Два дена и две ноќи, заедно со соседите, будни се бореле со водената стихија. Со вреќи песок и пумпи се обидувале да ја запрат надојдената вода, која достигнала висина над еден метар.
-
Македонија 09.01.2026 17:29
Филипче: Техничката влада мора да остане - ако распишат избори ќе учествуваме
Техничката влада е последната линија на одбрана на слободната волја на граѓаните на избори, затоа Филипче е против нејзиното укинување. Вели, ако се распишат избори, тие ќе учествуваат зашто не бегаат од изборно соочување.
-
Македонија 09.01.2026 17:08
Фондот за здравство потпиша договор за молекуларни анализи со ПМФ
Лабораторијата за молекуларна биологија и геномика при ПМФ ќе започне со изведување на напредни молекуларно-дијагностички анализи.
-
Македонија 09.01.2026 16:12
Предложени нови членови на Судскиот совет
Од Кабинетот на претседателката за МТВ потврдија професорката Арлинда Кадри- Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска- Анастасовска се предлозите на Сиљановска- Давкова за членови на Судскиот совет.
-
Македонија 09.01.2026 15:28
Обвинителката Ленче Ристоска бара јавно извинување од премиерот Мицкоски
Обвинителката Ленче Ристоска бара премиерот Мицкоски да ѝ се извини поради навреди изнесени во интервју. Таа реагираше на изјавите на шефот на Владата кој зборуваше за „медиокритети“ во судско – обвинителската фела, а за кои Ристоска смета дека се однесуваат на неа.










