Во последните 24 часа направени се 2.754 тестирања, а регистрирани се 349 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 166, Куманово – 23, Штип – 22, Прилеп – 18, Битола – 17, Кочани – 16, Кавадарци – 13, Тетово – 11, Велес и Охрид – по 10, Свети Николе – 9, Неготино – 8, Берово и Пробиштип – по 4, Гевге
-
Македонија 31.10.2021 15:13
-
Македонија 31.10.2021 14:17
Излезеноста до 13 часот е 24,87 отсто
Излезеноста на гласачите на вториот круг од локалните избори до 13 часот е 24,87 отсто. Гласале 269.674 гласачи, што значи дека излезеноста е поголема од минатиот прв круг во ова време, соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
-
Македонија 31.10.2021 13:41
Изборниот процес во струшко во мирна, фер и демократска атмосфера
Изборниот процес во срушко се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера. Не се регистрирани нерегуларности и неправилности, велат од ОИК. Во вториот изборен круг помалку проблеми и со уредите за идентификација.
-
Македонија 31.10.2021 13:25
Поголем интерес за гласање во Ѓорче Петров во споредба со првиот круг
Поголем интерес за гласање во општина Ѓорче Петров во однос на првиот круг од локалните избори. Од отворањето на избирачките места, граѓаните излегуваат да го дадат својот глас, овојпат побрзо, без чекање и без проблеми при биометриската идентификација на запишаните гласачи.
-
Македонија 31.10.2021 13:02
МВР: Изборниот процес се одвива мирно
Досега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
-
Македонија 31.10.2021 12:57
Мирно и непречено тече гласањето во Куманово и Старо Нагоричане
Мирно и непречено тече изборниот процес во североистокот. Гласањето во најголемата општина во земјава почна навреме. До 11 часот правото на глас во Куманово го оствариле вкупно 13,08 проценти од гласачите, односно 10.091 лице, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.
-
Македонија 31.10.2021 12:44
Гласањето во Битола без поголеми проблеми
До 11 часот на 170-те избирачките места излегле 19 проценти од евиднтираните 80.882 лица со право на глас. Во споредба со истиот перид од првиот круг, излезноста бележи 6 проценти пораст. Во првите три часови со 15 проценти излезноста највисока на избирачкото место број 74.
-
Македонија 31.10.2021 12:13
Одзивот на гласачите до 11 часот е 14,18 проценти
Одзивот на гласачите до 11 часот е 14,18 отсто. Вкупно на гласање во 44 општини каде што се гласа во вториот круг на локалните избори своето право на глас го искористиле 160.035 граѓани, соопшти претседателот на ДИК, Даштевски.
-
Македонија 31.10.2021 10:21
До 9 часот илезеноста на изборите 5,25 отсто, технички проблеми на неколку избирачки места
На сите избирачки места почна гласањето на време. Имаше технички проблеми на неколку избирачки места во Скопје и на неколку избирачки места низ земјава. Сите тие проблеми сега се решени и гласањето продолжува.
-
Македонија 31.10.2021 09:57
Во Охрид гласањето се одвива без проблеми
Изборниот процес во општина Охрид започна навреме,во демократска и фер атмосфера со минимални проблеми. Во избирачкиот список се запишани 52.477 лица кои своето демократско право ќе можат да го остварат на 88 избирачки места.










